Истражување: Колку пораснавме по последниве 100 години?

Едно ново истражување покажува дека денешните луѓе во просек се повисоки од своите предци и дека тоа е благодарение на здравата и квалитетна исхрана и подоброто здравје. Но, тие висини и понатаму се разликуваат од држава во држава.

istrazuvanje-kolku-porasnavme-vo-poslednive-100-godini-01.jpg

Авторите на истражувањето откриваат дека луѓето од централна и јужна Европа како и источна Азија се повисоки од пред 100 години.

Мерењата на висините се опфатени од 1896-та година, па се до денес.

Највисоките луѓе живеат во Европа

Најмалку пораснале луѓето од африканското подрачје и јужните делови на Азија. А, во некои земји, луѓето дури и ја задржале висината на своите предци.

Според ова истражување највисоките мажи живеат во Холандија и високи се во просек 182.5cm, а највисоките жени доаѓаат од Латвија и се високи 170cm.

istrazuvanje-kolku-porasnavme-vo-poslednive-100-godini-1.jpg

istrazuvanje-kolku-porasnavme-vo-poslednive-100-godini-2.jpg

Високите луѓе во животот достигнуваат поголем успех

Ова интересно истражување покажало дека повисоките луѓе во просек се поздрави и живеат подолго, имаат помала шанса да се разболат од некоја срцева болест или болест на белите дробови.

Но, затоа пак, имаат поголеми шанси за рак како на пример, на дебелото црево или дојките и јајниците.

Високите луѓе исто така, во просек имаат предност над пониските во поглед на високото образование и можноста за напредување на работа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава