15 тајни за добро расположение во септември

Иако многумина есента ја поврзуваат со меланхолија и депресивност, таа навистина може да биде одлично време, доколку знаете како да уживате во неа.

15-tajni-za-dobro-raspolozenie-vo-septemvri-01.jpg

Следните вежби, трикови и добри навики се одличен начин да уживате во жолтеењето на лисјата, есенските дождови и не толку топлото време:

1. Облечете се во облека со топли тонови кои потсетуваат на топлината на сонцето која полека згаснува.

2. Покријте се со подебело ќебе навечер, бидејќи истражувањата покажале дека топлината му помага на нервниот систем да се врати под контрола.

3. Променете ги вашите навики: ако досега станувавте и веднаш се фаќавте за телефонот да ги проверите сите мејлови, сега денот започнете го со утринско кафе и вашата омилена песна.

4. Променете ја позадината на вашиот екран. Изберете позадина со зелени тонови која ќе ви помогне да се релаксирате и ослободите од напнатоста.

5. Отидете на прошетка и уживајте во сите бои кои природата ви ги нуди.

6. Пред да си легнете направете неколку лесни вежби за опуштање или вежбајте јога.

7. Организирајте забава за вашите пријатели. Психолозите откриле дека кога добиваме поддршка од другите луѓе нашето тело создава хормони кои помагаат да се надмине стресот.

8. Живејте за сегашноста. Вознемиреноста се поврзува со идните очекувања, а тагата со сеќавања од минатото.

9. Научете да медитирате. Симнете соодветна музика и започнете со медитација барем 5 минути на ден. Затворете ги очите и ослободете го умот од сите мисли и внатрешни дијалози.

10. Почестете се себеси со масажа. Нема ништо поубаво од опуштеноста која ја нуди масажата, особено ако постојано сте под стрес и многу ретко практикувате каква било физичка активност.

11. Смејте се! Пуштете некоја забавна комедија, смешни видеа или читајте вицови. За кратко време ќе се чувствувате многу поубаво и посреќно.

12. Слушајте музика. Бавната музика помага да се општите и релаксирате многу подобро од тишината.

13. Пред спиење испијте чаша топло млеко со мед. Комбинацијата на млеко и мед одлично ќе го опушти вашето тело и следното утро ќе се разбудите многу поодморени и понаспани.

14. Запишете се на некој забавен курс кој ќе ви помогне да ја избегнете секојдневната рутина. Нека биде тоа плетење, цртање, вајање, сè она кое ќе ве поттикне на нова енергија и нови моменти во животот.

15. Ароматерапијата е одличен начин за уживање во есента. Наполнете ја кадата со вода додадете малку од омиленото етерично масло и уживајте во домашниот спа третман.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава