Ако не ја сметаш за благослов - пушти ја

Ако не го забележуваш нејзиниот сјај кога ги прави и најобичните работи - пушти ја.

ako-ne-ja-smetas-za-blagoslov-pusti-ja-1.jpg

Ако не гледаш со која леснотија те усреќува нејзината насмевка - повторно пуштија.

И ако звукот од нејзиното смеење не ти носи радост - подобро пушти ја.

Таа не е твој благослов. Таа е благослов на човекот кој ќе ја смета за привилегија. Не ја спречувај да го добие тоа, не и го земај она што навистина и ледува.

Ако ја сакаш, сакај го секој дел од неа, се што е нејзино. Не ја менувај, не се ни обидувај.

Би требало да ја погледнеш и да го сакаш се она што го гледаш, се што чувствуваш заради неа, се што имаш со неа.

Би требало да ја сакаш и кога безброј пати ќе се предомисли пред да донесе одлука.

Би требало да ја сакаш и кога доцни на договорените состаноци затоа што знаеш дека нејзините локни се најпрекрасниот предизвик.

Би требало да ја сакаш и нејзината заборавеност, посебно кога ќе го заборави шпоретот откако ќе готви.

Можеби заборавила да го штракне копчето, но не заборавила дека готвела за тебе.

Можеби доцни на договорот затоа што се обидува да направи локни, но не заборава дека сака да е прекрасна за тебе.

Во се што прави, те гледа тебе. Со се што прави, се надева дека ти ќе бидеш среќен.

Таа знае дека љубовта вклучува и маани. Затоа ја сака секоја твоја слабост. Ако ти не можеш да го кажеш истото, пушти ја.

Таа е нечиј благослов, нечија привилегија, нечиј сон.

Да, вистината ќе ја скрши. Ќе ја скрши фактот дека не ја сакаш со истата сила која таа те сака тебе. Но, вистината ќе и го ослободи срцето за маж на кој ќе му биде благослов.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...

Најчитани неделава