4 проблеми кои можете да ги решите со јаболка

Според неодамнешните археолошки откритија, се чини дека луѓето уживале во јаболката многу одамна, односно уште од пред 6.500-та година п.н.е.

4-interesni-situacii-vo-koi-mozete-da-koristite-jabolka-01

Оттогаш па сè досега, сме научиле да подготвиме пита со јаболка, јаболков ликер, но и јаболков оцет кој има најразлични примени во домаќинствата.

Но, сепак тоа е само еден мал дел од огромниот број можности кои ги нуди ова овошје.

Токму затоа, ви нудиме 4 ситуации и проблеми во кои јаболката може да ви бидат од голема корист.

1. Олеснете ги алергиите

Јаболката се богати со кверцетин, растително соединение кое го потиснува лачењето на хистамин, хемикалија која се ослободува во вашето тело при алергиски реакции.

Исто така, едно истражување објавено во списанието „Thorax“ открило дека мажите кои консумирале 5 или повеќе јаболка неделно, имале многу подобра функција на белите дробови од мажите кои не консумираат јаболка.

2. Ублажување на мигрена

Некои истражувања покажале дека мирисот на зелени јаболка може да ги намали симптомите на мигрената и да го намали нејзиното времетраење.

Ако чувствувате дека ќе ви се појави главоболка, пресечете едно зелено јаболко на половина и уживајте во неговиот мирис.

3. Забрзајте го зреењето на други овошја

Јаболката, исто како и праските, крушите и бананите испуштаат етилен - гас кој го забрзува процесот на созревање. Сепак, овој трик нема да функционира со портокали, ананас и мандарини.

Спротивно на ова, ако не сакате вашето овошје да созрее премногу брзо, не го чувајте во близина на јаболка.

4. Чистење на косата

Примените на јаболковиот оцет се речиси неограничени, но постои една од нив за која најверојатно не ви текнало да го искористите.

За конечно да се спасите од мрсната коса, ставете една лажичка јаболков оцет во околу 500 ml вода, и со овој раствор измијте ја косата. Јаболковиот оцет ќе го извлече талогот од шампонот, а неговиот мирис ќе исчезне штом ја исушите вашата коса.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Проклетството на Британец што освоил 170 милиони евра на лото: Развод, сообраќајка и пропаднати бизн... Во 2012-та, животот Британецот Адријан Бејфорд драстично се променил откако осво...

Најчитани неделава