Чоколадни јајца - мњам!

cokoladni-jajca-povekjeЗа да ја надополните велигденската атмосфера ви препорачуваме да се испробате малку во кујната. Нема кој не сака чоколадни јајца. Ова е супер...

 

...рецепт во кој ќе може да додадете некои состојки по желба за да добиете различни вкусови.

Времето на подготвување е половина час, но јајцата ќе бидат готови за 2 часа и 30 минути.

cokoladni-jajca

Што ви е потребно:

  • 115g стопен путер
  • 5ml екстракт од ванила
  • 224g крем сир
  • 1135g шеќер во прав
  • 260g путер од кикирики (опција)
  • 75g  кокосови снегулки (опција)
  • 85g какао во прав
  • 335g парченца чоколадо (опција)
  • 25g растително масло (опција)

Во голем сад измешајте ги путерот, ванилата и крем сирот. Додадете го шеќерот во прав за да добиете тесто. За најдобар резултат, користете ги рацете за мешање.

Одвојте го тестото на 4 дела. Еден дел нека остане празен. Во друг сад помешајте го путерот од кикирики. Во трет кокосот и какаото во прав во четврт сад.

Секое парче обликувајте го во форма на јајце и ставете ги на плех на кој претходно имате поставено хартија за печење. Изладете ги во фрижидер додека не се стврднат – од прилика 1 час.

Парчињата чоколадо растопете ги на пареа. Мешајте додека не се потполно стопени. Ако чоколадото ви се чини прегусто за глазурирање, помешајте го со малку масло.

Протријте ги оладените јајца во чоколадото и вратете ги назад на хартијата. Ладете ги уште половина час за да се стврднат.

Едноставно и слатко за Велигден!

Би можело да ве интересира:

Јадат 10.000 калории дневно, тежат по 150kg и носат 5XL облека: Како изгледа животот во „престолнина... „Овде е нормално да бидете дебели, луѓето не слабеат бидејќи никој не ги осудува...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“ Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушно...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Дечко од Хрватска, кој издава сместување, се пожали дека гостите преку Booking му оставиле хаос - Во... „Гостинот платил? Да, платил! Што уште сакате – и да чисти? Јас кога јадам во ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg