„Празници им се и на оние во болница, а и на оние кои примаат сочувство - Имајте разбирање за нив“
Празници им се на сите, но не им се на сите среќни... Среде еуфоријата во празничниот период забораваме дека најважниот подарок всушност е да се грижиш за некого. И да имаш со кого да се прегрнеш, насмееш, исплачеш...

Празничниот период е период на магија, еуфорија, сијалички, китење и купување на подароци.
Но, за жал, не е така среќен период за сите.
Некои се во болница, други изгубиле сакана личност, трети добиле отказ од работа и што уште не.
Имајте разбирање за нив.
Покажете емпатија, обидете се колку можете да им олесните.
Потсетете се и самите себеси каква привилегија е да можеш да прегрнеш некого, да се насмееш, да се исплачеш со некого. И дека во морето подароци забораваме дека најважниот подарок е всушност да се грижиш за некого.
Илустраторката Андријана Вешовиќ од Црна Гора, која е попозната како Зомбијана, со неколку илустрации нè потсетува на ова...
Празници им се и на оние во болница...

Празници им се и на оние кои останале без работа...

Празници им се и на паровите кои изгубиле бебе...

Празници им се и на жените со постпородилна депресија...

Празници им се и на оние кои примаат сочувство...

Празници им се и на дисфункционалните семејства...

