„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“

„Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец на патот, но љубезноста кон непознатите не е мерка за нашиот карактер. Странците не ги активираат нашите рани и странците не нè потсетуваат на деловите од нас, кои сме се труделе да ги одбегнеме низ годините. Нашиот брачен партнер го прави тоа! Нашите деца го прават тоа! Нашиот дом го прави тоа!...“

ako-ste-ljubezni-so-stranci-a-drski-doma-vie-ne-ste-ljubezna-lichnost-samo-gradite-imidj-01.jpg

Бранкица Раковиќ од Босна и Херцеговина е жена која отворено ја документираше својата борба со ракот и тоа двапати.

Таа постојано прикачува фотографии од своето секојдневие и пишува искрено за работите кои ѝ се случувале и тоа го прави со цел да ги охрабри и другите жени што водат иста битка.

Таа зад себе има еден пропаднат брак, од кој ја добила најголемата среќа во животот – нејзината ќерка.

Сега, Бранкица сподели видео за кое вели дека има повеќе од 9 милиони прегледи и кое ќе ве натера да се запрашате дали сте навистина добра личност и колку всушност (не) вложувате во односот со партнерот.

Видеото ќе ве натера и вие да се замислите.

Моќната порака во него гласи:

„Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ќе го сретнете на патот, но љубезноста кон странците не е мерка за нашиот карактер.

Љубезноста дома е вистинскиот тест.

ako-ste-ljubezni-so-stranci-a-drski-doma-vie-ne-ste-ljubezna-lichnost-samo-gradite-imidj-05.jpg

Зошто? Затоа што странците не ја носат нашата историја и странците не ги активираат нашите рани и странците не нè потсетуваат на деловите од нас, кои сме се труделе да ги одбегнеме низ годините.

Нашиот брачен партнер го прави тоа! Нашите деца го прават тоа! Нашиот дом го прави тоа!

И еве ја непријатната вистина која повеќето луѓе ја избегнуваат:

Ако сета своја љубезност ја чувате за странците, тоа НЕ Е ДОБРИНА, тоа е ГРАДЕЊЕ НА ИМИЏ.

ako-ste-ljubezni-so-stranci-a-drski-doma-vie-ne-ste-ljubezna-lichnost-samo-gradite-imidj-04.jpg

Вистинското мерило за тоа кои сме ние, не е културната насмевка која ѝ ја даваме на продавачката во супермаркетот, туку е тонот кој го користиме во комуникацијата со партнерот кој нè сака.

Тоа е трпението кое го нудиме кога се престимулирани.

Тоа е нежноста која ја бираме во деновите кога нашето его сака да пукне.

ako-ste-ljubezni-so-stranci-a-drski-doma-vie-ne-ste-ljubezna-lichnost-samo-gradite-imidj-03.jpg

Браковите не се распаѓаат од една големо предавство, туку се распаѓаат бавно од секојдневното занемарување од ненамерниот недостиг на почит, од тивкото натрупување на секојдневната нељубезност и рамнодушност.

Љубезноста кон странци може да направи да им се допаднете на луѓето, љубезноста кон брачниот партнер прави да бидете човек на кој може да му верува и човек на кој може некој да се потпре.

ako-ste-ljubezni-so-stranci-a-drski-doma-vie-ne-ste-ljubezna-lichnost-samo-gradite-imidj-02.jpg

Љубезноста кон странци креира имиџ, љубезноста дома креира личност и карактер.

И ако сме добри секаде, освен во нашиот дом, тоа не е добрина. Тоа е преформанс, тоа е управување со имиџ, маскирано како наводна ваша добра особина“.

Кликнете на видетото:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg