10 знаци дека си го трошите животот на погрешни работи

Сите го живееме својот живот онака како што сме си го замислиле, но постојат многу работи кои истиот го прават залудно потрошен. Можеби не сме свесни за нив, а можеби длабоко во себе ја знаеме вистината, но одбиваме да ја признаеме.

10-znaci-deka-si-go-trosite-zivotot-na-pogresni-raboti-01.jpg

Всушност, кои 10 знаци непогрешно упатуваат дека го трошиме времето, односно животот на погрешни работи?

Постојано се жалите

Се жалите од работата, од шефот, од платата, од соседите, од партнерот? Доколку одговорот е потврден, знајте дека во најголем дел од времето ширите негативна енергија.

Негативноста нема да промени апсолутно ништо, туку ќе ве оддалечи од решенијата на проблемите. За почеток променете го начинот на размислување. Размислете за кои работи сте благодарни во животот, а не постојано да го истакнувате она кое според вас не чини.

Којзнае, можеби ќе откриете и дека премногу ги драматизирате нештата.

Не го храните умот

Доколку мислите дека најдобрата верзија од вас била онаа од средно училиште и сè уште сте заглавени во истата фаза, бидете свесни дека стагнирате во животот и не чудете се зошто е тоа така.

Доколку си го храните само телото, но не и умот, вие сте како мирно езеро без ниту еден бран на кое се создало зелен талог на површината.

Постојано мора да се трудите и секојдневно да учите нови работи кои ќе ви отворат нови видици и хоризонти.

Зборувате негативно за себе

Во ред е, никој не сака фалбаџии кои не умеат да затворат уста од комплименти упатени на сопствената сметка. Но, доколку постојани си повторувате дека не сте воопшто убави, не сте способни, не сте паметни, тогаш ваквите негативни афирмации се претвораат во вистина.

Внимателно бирајте ги зборовите за себе, не се преценувајте, но дефинитивно не потценувајте се.

Не ја планирате иднината

Точно, најдобро е да се живее во сегашниот миг. Ниту премногу размислување за минатото, ниту пак опсесијата за тоа како изгледа вашата иднина ќе ви донесат премногу добро.

Сепак, не можете бесцелно да талкате наоколу без ниту еден план и да живеете „ден за ден“. Поставете неколку краткорочни цели и обидете се да се држите до нивното исполнување.

Премногу време поминувате со луѓе кои не ви влијаат позитивно

Со кого сте–такви сте. Ако поминувате време со безделничари – и вие ќе станете такви. Ако се дружите со успешни и позитивни луѓе, неминовно ќе си присвоите некои од нивните добри навики, станувајќи подобар човек.

Зошто би си го трошеле времето со луѓе кои постојано ве враќаат неколку чекори наназад?

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...

Најчитани неделава