Зошто мразиме промени?

Понекогаш, дури и кога сме свесни дека одредени промени се добредојдени, нашето тело можеби и нема така лесно да ги прифати, како што направил мозокот.

da-se-promenite-sebe-e-dobro-no-zoshto-nekogash-si-davate-otpor-vo-toa-01.jpg

Свесни сте дека ви е потребна промена, знаете дека тоа ќе ви донесе голем бенефит, но во еден момент сфаќате дека самите си давате отпор во прифаќањето на новите нешта.

Вашето тело го прави тоа бидејќи е навикнато на едни нешта, на една рутина и на настани кои се случуваат по слична шема.

Затоа и на некој начин ве блокира во намерата да се промените, бидејќи го „исфрлате“ од комфорот.

Понекогаш таа внатрешна блокада е толку интензивна, што можете да бидете исплашени, поразени, изморени, па дури и „полудени“ од промената.

Ова се осум причини поради кои се чувствувате така:

1. Вашиот механизам за справување со промени тежнее да остане во безбедната удобна зона, па прави сè што може за да го „блокира“ неизвесното

2. Ако подолго време сте правеле нешта кои ви причинувале задоволство, потсвесниот дел од вас промените ги гледа како непознати закани

da-se-promenite-sebe-e-dobro-no-zoshto-nekogash-si-davate-otpor-vo-toa-02.jpg

3. Сте се навикнале да ги игнорирате сите алтернативни патишта кои ве водат до целта, па се плашите дека ако скршнете, ќе се изгубите

4. Изморени сте од разликата меѓу идеалите за животот кои ги имавте и реалноста во која живеете

da-se-promenite-sebe-e-dobro-no-zoshto-nekogash-si-davate-otpor-vo-toa-03.jpg

5. Се сомневате во себе и се плашите од неуспех, па тоа не ви дозволува да експериментирате, за да бидете поуспешни

6. Мислите дека секогаш сте зад другите и ги потценувате својата професионалност, знаењето и талентите

da-se-promenite-sebe-e-dobro-no-zoshto-nekogash-si-davate-otpor-vo-toa-04.jpg

7. Не правите разлика меѓу нереалните очекувања и непреземањето акција

8. Иднината за вас е една магла што е некаде далеку, затворени сте во минатото, сакате да влезете во умот на другите и ја занемарувате сегашноста

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg