Искрени, одговорни и точно знаат што сакаат - кои се карактеристиките на вистински силните жени?

Што е неодоливо кај една жена? Некои ќе кажат насмевката, други очите, трети телото. Но, ние сметаме дека внатрешната сила и самодовербата се едни од најдобрите карактеристики кои може да ги има една жена.

Koi-se-karakteristikite-na-vistinski-silnite-zeni-01.jpg

Што друго е одлика на вистински силните жени?

Тие знаат дека не мора да бидат совршени

Не се преокупирани со тоа да имаат успешна кариера или пак неверојатно семејство, односно не ги поврзуваат овие работи со (не)успех во животот.

Силните жени знаат дека не мора да бидат успешни во сè што прават во животот, бидејќи тој има подеми и падови. Тие се чувствуваат одлично и задоволно токму онакви какви што се.

Не изгледаат „евтино“

Под „евтино“ секако не се подразбира цената на парчињата облека, туку нивниот квалитет, кројот и најбитно – начинот на кој им прилегаат на жените. Наместо 10 евтини, мудрата жена ќе одбере 3 високо квалитетни безвременски парчиња облека, козметика или чевли.

Бидејќи тие знаат дека една квалитетна работа изгледа подобро и има подолг век на траење од 10 неквалитетни кои само ќе се трупаат во плакарот.

Имаат здрав однос кон своето тело

Многумина знаат да речам – „Јас не сум само тело“. Да, но тоа е единствениот „храм“ во кој живееме 24/7 до крајот на животот.

Едноставно е - силните жени го знаат ова и се грижат за своето здравје. Не се самодеструктивно настроени и немаат периоди каде што со месеци се прејадуваат нездрава храна, а потоа очекуваат со магична диета да симнат 10 kg за една недела.

Не дозволуваат годините да им го диктираат квалитетот на животот

Силните жени се свесни дека живеат СЕГА и ТУКА и дека никакво минато или иднината нема да им го диктираат сегашниот миг. За нив годините се само бројка.

Можеби обожаваат деца, но нема да дозволат да се жртвуваат до таа мера што целосно ќе ги занемарат сопствените потреби и желби.

Ги почитуваат постарите, но и себеси и свесни се дека не знаат што носи иднината, па зошто би се грижеле околу нешто за кое немаме никаква претстава како ќе изгледа?

Обожаваат да вежбаат и ги знаат предностите од физичката активност

Ендорфинот, хормонот на среќата и радоста се лачи повеќе додека вежбаме – и силните жени го знаат ова.

Редовното вежбање е благодат за телото и умот. Потребни се само 21 ден вежбањето да стане навика во која ќе уживате, наместо нешто што ќе ви претставува оптоварување.

Свесни се за своите маани

Силните жени знаат дека никој на светот не е совршен и тие припаѓаат во истата категорија. Соочувањето со сопствените недостатоци е важно и здраво за психата и тоа не ве прави помалку вредни од другите.

Ве прави едноставно – луѓе.

Не ги пуштаат луѓето кои не им се допаѓаат во својот живот

Не можеме да ги бираме луѓето со кои учиме, студираме или работиме. Но, слободното време може да го поминуваме со кого сакаме.

Силните жени не губат време и енергија на луѓето кои не им се допаѓаат. Не сакаат да се дружат по секоја цена, не се заинтересирани да имаат огромно друштво со безлични лица кои не им значат ништо. Повеќе преферираат неколку добри, но квалитетни пријатели.

Преземаат одговорност за своето здравје

Слично како што се грижат за своето тело, силните жени знаат колку е важно редовно да се оди на лекарски прегледи и без никаков срам, предрасуди или табуа во целост се грижат за своето здравје.

Не се присилуваат да го прават она кое не им се допаѓа

Не пијат алкохол само затоа што сите го прават тоа, не склучуваат бракови само затоа што така налага општеството, традицијата или притисокот од семејството.

Тие имаат свој став, точно знаат што сакаат од животот и се борат да ги постигнат своите цели и да си ги желбите, бидејќи тоа им предизвикува најголемо задоволство.

Го почитуваат своето, но и туѓото време

Да, силните жени не доцнат никогаш, никаде. За нив непочитувањето на туѓото, но и на сопственото време е најголемото непочитување. Бидејќи она што најдобро го знаат е дека времето е неповратно и не се купува со пари.

Одвојуваат време за одмор

Ги полнат батериите, бидејќи се свесни дека тоа е клучно за физичкото и менталното здравје. Секој треба да пронајде време за одмор кога се работи за себе. Добриот сон и правењето работи во кои се ужива се нешта кои не се заменуваат со дополнителни хонорари.

Препознаваат манипулација и конфликти и вешто ги избегнуваат

Имаат високо емоционална интелигенција и изострена интуиција. Силните жено ги препознаваат манипулаторите и оние кои сакаат да ги вплеткаат во конфликтни ситуации, па вешто ги избегнуваат.

За нив не важи правилото „паметниот попушта“, туку „паметниот си заминува“. Не дозволуваат некој да направи да се чувствуваат виновни за нешто, а потоа да ја преземат улогата на жртва и да бидат несреќни, за сметка на нечие туѓо его.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава