Работи кои треба да ги сфатите и запомните до крајот на 2018-та за успешно да ја започнете 2019-та

Како што се наближува крајот на годината, многумина почнуваат да резимираат и да размислуваат што оствариле, а што не.

raboti-koi-treba-da-gi-sfatite-i-zapomnite-do-krajot-na-2018-ta-za-uspeshno-da-ja-zapochnete-2019-ta-01.jpg

Некои се задоволни од она што го постигнале, други се разочарани од неуспехот, или пак се грижат дека ништо не направиле.

Па очекувано, пред почетокот на новата, се прават нови цели кои сакаат да ги постигнат во текот на наредната.

Но, во целото тоа размислување, не смеете да заборавите некои клучни работи со цел задоволно да ја завршите 2018-та и успешно и мотивирано да ја започнете 2019-та.

Работи што треба да ги научите до крајот на оваа година:

1. Изминатава година не ве дефинира и дури и ако не била совршена и сте направиле некои грешки, во ред е да ги признаете, но не и да се плашите, бидејќи имате уште време да ги поправите работите понатаму.

2. Запомнете ги сите порази, но прославете ги и сите победи, дури и оние најмалите кои ве направиле горди во текот на годината.

3. Сетете се кои биле оние кои биле покрај вас во секој момент и знаете дека ќе продолжат да бидат и во наредната и фокусирајте се на нив.

4. Можеби не сте каде што сте се замислиле или сте имале многу поголеми планови за себе кои не се оствариле, но тоа не значи дека не сте постигнале ништо. Дајте си време да размислите и да се сетите на сите мали работи кои сте ги правеле за да постигнете нешто големо и радувајте се на секој чекор.

5. Понекогаш животот ни дава предизвици со кои мора да се соочиме дури и ако не сме планирале, па ако сте имале тешка година, не значи дека е крај на светот, надевајте се дека следната ќе биде подобра и стремете се кон тоа.

6. И покрај многуте пропуштени шанси оваа година, во иднина има уште многу можности пред вас кои ќе може да ги искористите и да стекнете незаборавни искуства и спомени.

7. И наредната година, исто како и оваа и секоја измината, ќе летне многу брзо, па искористете ја максимално за добри работи.

8. Оваа година ви покажа многу работи кои не сте ги знаеле за себе, па не заборавајте на најдобрите и понесете ги со вас во новата година.

9. Оваа година ви покажа и многу работи на кои не сте горди, оставете ги негативните чувства од нив зад вас, а научените лекции нека ве водат во новата година.

10. Сетете се дека треба да бидете горди и среќни што сте тука, во овој живот, во овој момент, со луѓето кои најмногу ги сакате.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...

Најчитани неделава