93-годишен маж патува со 3 автобуси за да го посети гробот на сопругата речиси секој ден

93-годишниот Тед вели дека ги памети сите добри работи кои неговата сопруга ги направила, ја посетува 6 дена во седмицата, а организирал и по неговата смрт цвеќиња да пристигнуваат на нејзиниот гроб.

93-godishen-maz-patuva-so-3-avtobusi-za-da-go-poseti-grboot-na-soprugata-rechisi-sekoj-den-01.jpg

Шест дена во седмицата без разлика на временските услови Тед Ричардсон го посетува гробот на неговата сопруга Флоренс на гробиштата во Хонолулу, Хаваи.

93-годишниот ветеран имал само 16 години кога ја запознал Флоренс. Тоа се случило во 1941 година во нејзиниот роден град во Пенсилванија, кога таа имала 14 години.

Тед кога ја запознал отишол дома и на татко му истата ноќ му кажал дека ја видел девојката со која сака да се ожени, иако не ѝ го знаел ниту името.

93-godishen-maz-patuva-so-3-avtobusi-za-da-go-poseti-grboot-na-soprugata-rechisi-sekoj-den-04.jpg

Тој служел во маринците и фотографијата од неа ја носел секаде со себе.

„Беше убава и не ми пречеше цело време да зјапам во нејзината фотографија“, вели тој.

По војната тие стапиле во брак, Ричардсон станал учител, а Флоренс се вработила во ФБИ. Остареле заедно, но пред 5 години таа починала.

93-godishen-maz-patuva-so-3-avtobusi-za-da-go-poseti-grboot-na-soprugata-rechisi-sekoj-den-05.jpg

„Во текот на 72-те години заедно, таа пукна и направи скандал само 2 пати и тоа беше моја вина, па затоа со посетувањето на нејзиниот гроб постојано си го отплаќам долгот. Не ги паметам работите што ги направи погрешно, туку работите што ги направи правилно. Како благодарност ѝ носам цвеќиња“, вели Ричардсон.

Тој речиси секој ден патува со 3 автобуси за да пристигне на гробиштата и потоа обезбедувањето го вози по ридот за да го однесе до нејзиниот гроб, кој го посетил 1.300 пати досега.

93-godishen-maz-patuva-so-3-avtobusi-za-da-go-poseti-grboot-na-soprugata-rechisi-sekoj-den-02.png

„Имам календар и си го обележувам секој де н кога сум бил тука. Господ ќе ми каже кога ќе биде доволно“, вели тој.

Дури и по смртта неговото внимание за Флоренс нема да престане затоа што тој организирал црквата да носи цвеќиња на гробот на Флоренс откако тој ќе почине.

93-godishen-maz-patuva-so-3-avtobusi-za-da-go-poseti-grboot-na-soprugata-rechisi-sekoj-den-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...

Најчитани неделава