8 чудни работи кои ги правите, но за кои постои научно објаснување

Зошто постојано некој се турка во редот, зошто трошиме часови за да се одлучиме за некоја едноставна работа, зошто се смееме и климаме дури и кога не разбираме што ни зборуваат?

8-chudni-raboti-koi-gi-pravite-no-za-koi-postoi-nauchno-objasnuvanje-01.jpg

Сигурно во животот наидувате на екстремно нелогични ситуации, а и вие самите сте дел од истите.

Зошто е тоа така? Постои научно објаснување.

Чудни работи кои ги правите, но за кои постои научно објаснување:

Понекогаш во наплив на емоции сакаме да гризнеме некој

Понекогаш некој ви се допаѓа толку многу што имате желба да го гризнете. Вљубените ги грицкаат партнерите, родителите своите деца и се разбира тоа е нежно и умерено.

Виновникот за ова е хормонот допамин. Мирисот на саканата личност ни го дава истото задоволство како вкусната храна, па така сме збунети и ни доаѓа да гризнеме од љубов.

8-chudni-raboti-koi-gi-pravite-no-za-koi-postoi-nauchno-objasnuvanje-02.jpeg

Сите страдаме од абуломанија во одреден миг од животот

Може да сме физички и ментални здрави, но да минеме часови бирајќи соодветен кауч за во дневната соба. Проблемот е што некои луѓе сакаат да бидат 100% сигурни во правилноста на својот избор.

Абуломанија е патолошка неодлучност која е толку сериозна, што го спречува човекот да функционира во секојдневниот живот. Психолозите советуваат во вакви ситуации да фрлате паричка при донесувањето на одлуката.

8-chudni-raboti-koi-gi-pravite-no-za-koi-postoi-nauchno-objasnuvanje-04.jpg

Проблем со стоењето во редица

Во банките и маркетите често гледате како некои луѓе сакаат да се пикнат преку ред, како да доцнат некаде. Често се однесуваат ирационално.

Луѓето потсвесно не сакаат да бидат последни и како по правило претпоследната личност во редот е за 20% позадоволна од последната.

8-chudni-raboti-koi-gi-pravite-no-za-koi-postoi-nauchno-objasnuvanje-03.jpg

Вежбањето нè прави покомуникативни

Најдобар начин да дознаете некоја тајна е да разговарате со некого откако завршил со тренингот. Физичката активност води до забрзан пулс и забрзано дишење, а мозокот реагира со потреба за комуникација со други луѓе.

Оваа поврзаност сè уште не е целосно научно истражена, но научниците ја поврзуваат со тоа кога нашите предци биле во опасност, па информацијата веднаш ја споделувале со другите за да ги предупредат за заканата и да преживеат.

8-chudni-raboti-koi-gi-pravite-no-za-koi-postoi-nauchno-objasnuvanje-09.jpg

Уште 4 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 работи за кои вреди да дадете повеќе пари, за да заштедите долгорочно На кои работи не треба да штедите кога ги купувате? Погледнете кај кои 8 продукт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg