5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни

Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледаме рекламите, и едноставно не можеме да им одолееме, па ги купуваме. Но, повеќето луѓе по некое време го губат ентузијазмот да вежбаат сами дома, па овие справи почнуваат да фаќаат прашина во некој агол.

6-raboti-koi-chesto-gi-kupuvame-a-koi-realno-ne-ni-se-potrebni-01.jpg

Луѓето постојано купуваат работи кои не им се потребни.

Некогаш тоа се производи кои ги стават „на залиха за да се најдат“, некогаш станува збор за работи кои никогаш нема да ги искористат, а понекогаш тоа се предмети кои по некое време им здосадуваат, па остануваат да „фаќаат прашина“, бидејќи не сакаат да ги фрлат (ниту да признаат дека згрешиле и дека не требале да ги купат).

Кои се работите што сите ги купуваме, а реално не ни се потребни?

Играчки за деца

Родителите порано или подоцна сфаќаат дека дома имаат повеќе играчки отколку што имаат место каде што може да ги чуваат. Или дека имаат купено толку многу играчки, што детето со голем дел од нив никогаш не си игра, па тие само стојат на страна и фаќаат прашина.

Секако, ова не значи дека не треба да купувате играчки за детето, туку дека не треба да претерувате.

Во природата на децата е да бидат фасцинирани од некоја играчка кратко време, а потоа повторно да ѝ се вратат на омилената.

Затоа не трошете многу пари за играчки, а купувајте нови само со некој повод или кога некоја играчка ќе се искрши или уништи.

6-raboti-koi-chesto-gi-kupuvame-a-koi-realno-ne-ni-se-potrebni-04.jpg

Кафе за носење

Кафето за носење чини десетина пати повеќе отколку кафето што го подготвувате дома.

Купувате кафе кога седите во парк, понекогаш и кога одите на прошетка, а и кај нас сè почесто луѓето купуваат кафе за носење кога одат накај работа (или се враќаат накај дома).

Наместо ова, можете да купите убава шолја за кафе со капак (или со цевка) и да ја полните со кафе кое ќе си го подготвите дома.

6-raboti-koi-chesto-gi-kupuvame-a-koi-realno-ne-ni-se-potrebni-07.jpg

Вештачки трепки

Точно е дека очите изгледаат многу поубаво со долги трепки (дури и ако не сте нашминкани), но тие, сепак, чинат многу.

Без оглед дали купувате трепки за неколку употреби, кои ќе си ги ставате дома самите, или ќе отидете во салон каде што ќе платите поскапо за вештачки трепки кои ќе траат и до еден месец – реалноста е дека можете и без нив.

Доволно е да купите квалитетна маскара, која ќе ви трае неколку месеци, и со која ќе ги нагласувате вашите природни трепки.

6-raboti-koi-chesto-gi-kupuvame-a-koi-realno-ne-ni-se-potrebni-06.jpg

Справи за вежбање

Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома.

Ги гледаме рекламите, и едноставно не можеме да им одолееме, верувајќи дека ќе ги смениме навиките и ќе почнеме да вежбаме редовно.

Но, повеќето луѓе по некое време го губат ентузијазмот да вежбаат сами дома, па овие справи почнуваат да фаќаат прашина во некој агол.

5-raboti-koi-chesto-gi-kupuvame-a-koi-realno-ne-ni-se-potrebni2.jpg

„Куп“ украсни шишиња за вода

Влегувате во продавница, гледате стаклено, пластично или алуминумско шише и го купувате бидејќи ви се допаѓа неговиот изглед или „шарата“.

Од мерак, можеби и ќе го земете неколкупати со вас додека одите на вежбање или на прошетка. 

Но, потоа го ставате во некој плакар и таму го заборавате, бидејќи ви е попрактично да купувате пластично шише за една употреба што ќе го фрлите откако ќе ја испиете водата, плус, нема да ви е толку тешко за носење како што е стакленото шише. 

6-raboti-koi-chesto-gi-kupuvame-a-koi-realno-ne-ni-se-potrebni-02_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg