Секојдневни нешта кои некогаш биле табуа


Секојдневни нешта кои некогаш биле табуа

Ако редовно трчате, сигурно никогаш не би ви паднало на памет дека пред многу години би ве гледале како лудак и чудак од кој другите треба да бегаат што подалеку.

sekojdnevni-neshta-koi-nekogash-bile-tabua-01.jpg

Трчањето и уште неколку сосема секојдневни и нормални нешта, некогаш биле толкави табуа, што биле еднакви на срам.

Да погледнеме што спаѓа во оваа група:

1. Носење бејзбол капчиња надвор од терен

Бејзбол капчињата се практичен и моден додаток, но некогаш било крајно неприфатливо да се носат надвор од теренот. За тие пригоди постоеле други, посоодветни модели на шапки.

sekojdnevni-neshta-koi-nekogash-bile-tabua-02.jpg

2. Пилешките крилца биле ѓубре

Пред само 50 години, пилешките крилца биле крајно потценети и фрлани во ѓубре како отпад, заедно со внатрешните органи. Но, во 1964 година, семејството Белисимо од Бафало по грешка, наместо пилешки грклани, добиле пратка со пилешки крилца.

Не е познато како решиле да ги подготват, но се претпоставува дека не сакале да фрлаат храна, па решиле да ги комбинираат со шпагети и сос и тоа оној кој денеска е неизоставен дел од сервирањето - познатиот бафало-сос.

sekojdnevni-neshta-koi-nekogash-bile-tabua-03.jpg

3. Џогирањето е за чудаци

Во САД до крајот на 60-тите било незамисливо некој да излезе надвор и да трча без некоја посебна цел. Тие луѓе веднаш биле етикетирани како луди, а често и апсени од полицијата.

За разлика од тогаш, денеска луѓето се посвесни за бенефитите од трчањето и за среќа, никој не ги апси додека го прават тоа.

sekojdnevni-neshta-koi-nekogash-bile-tabua-04.jpg

4. Популарниот „пинбол“ бил за криминалци

Реалната машина (не онаа на компјутерите), често била поврзувана со места каде излегуваат сомнителни типови и криминалци. Затоа, добрите луѓе не играле „пинбол“.

Градоначалникот на Њујорк од 1942 година дури и се фотографирал како со чекан крши една ваква машина, со порака дека на тој начин ги штити децата и нивната иднина.

sekojdnevni-neshta-koi-nekogash-bile-tabua-05.jpg

5. Смеењето на фотографии било вулгарно

Сигурно сте забележале на старите фотографии дека луѓето ретко се смеат. Постоело некакво верување дека тоа е некултурно и вулгарно, па дури и малите деца се фотографирани со сериозни лица.

Тогаш „позите“ на фотоапаратите биле ограничени и немало можност за пресликување колку пати сакаме, како што може да правиме денеска.

sekojdnevni-neshta-koi-nekogash-bile-tabua-06.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секојдневни работи кои ги правиме погрешно без воопшто да сме свесни Веројатно понекогаш ви доаѓа преку глава кога ќе видите дека повторно нешто прав...
Вирален хит: Татко од затвор ѝ испраќа инспиративни писма на ќерка си ... Таткото на Ариел Томас и покрај тоа што е осуден на 15 години затвор знае дека м...
Во младоста позирале како лажни невеста и младоженец, а 13 години подо... Другар и другарка во 20-тите години од нивниот живот глумеле дека се невеста и м...