Работи од кои треба да се ослободите пред новата година
Сите сакаме новата година да ни почне среќно, успешно и мотивирано, а за таа цел мора соодветно да ја завршиме оваа.

За да може да бидете мирни на почетокот од новата година, важно е да ги завршите сите обврски кои ги одолговлекувавте во текот на оваа година.
Многу работи некогаш ги забораваме, но потсвесно, ни стојат и ни тежат како незавршена обврска, или доколку се работи за некорисни предмети, ни зафаќаат непотребно место.
Затоа, пред самиот крај на оваа година, исчистете ги шкафчињата и полиците и ослободете се од сите непотребни работи - фрлете ги или подарете ги некому.
Кои се тие?
Стари весници, истечени гаранции, стари фискални сметки и сите хартии кои не ви се потребни

Храна, зачини, лекови и козметика со истечен рок

Скршени предмети во домаќинството, уништена облека и чевли

Подароци кои никогаш не сте ги употребиле, стојат во кутија или фаќаат прашина

Работи кои ги чувате за во иднина – мала облека, садови за гости, облека за кога ќе се врати во мода

Спомени од минатото – стари писма, подароци од бивши, играчки, билети од настани

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото)
„Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“
„Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото)
„Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)?
„Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени
Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Лошите и добри страни на работата од дома, низ 16 забавни илустрации
Марфиевиот закон за сите што работат од дома гласи: „Ако излезете до продавница ...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува
За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...