Имал секс со стотици жени, па 6 години целибат, сега чека прва брачна ноќ за секс


Имал секс со стотици жени, па 6 години целибат, сега чека прва брачна ноќ за секс

Со жените не се поврзувал емоционално, имал безначаен секс со која ќе стигне и бил момче лудо по забави, но вели дека поради целибатот е посреќен.

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-01.jpg

Роберт Ковалски (46) од Мериленд вели дека бил „лошо момче“ и во младоста спиел со огромен број на убави жени.

Авторот и мотивациски говорник сам кажува дека во 20-тите години од животот бил „машка распуштеница“. Спиел со жени со кои не чувствувал никаква емоционална поврзаност.

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-02.jpg

Но, неговиот стил на живот драстично му се променил во 2000 година кога се посветил на религијата и духовноста и тоа го довело до одлуката да се зарече на целибат.

Си забранил состанување и секс со жени цели 6 години, сè до 2006 година кога потребата за врски со жени повторно го вратила на старите лоши навики.

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-05.jpg

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-04.jpg

Во 2011 почувствувал вина и повторно се одлучил на целибат. Оттогаш, па до денес Роберт немал секс.

За старите денови вели дека девојките ги бирал чисто според физичкиот изглед и со нив не се поврзувал на психичко и емоционално ниво, па лесно се одлучувал на неверства во мигот кога некоја друга жена ќе му се допаднела.

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-07.jpg

Од октомври 2018 година Роберт започнал да се состанува со една жена, која го прифатила неговиот целибат. Тој ѝ рекол дека ќе имаат секс дури кога ќе стапат во брак. Роберт вели дека таа го разбира и подготвена е да чека до првата свадбена ноќ.

Роберт вели дека транзицијата била тешка, но дека таа го обликувала во човекот што е денес. Сега повеќе ги цени врските, сексот и е посреќен.

Како изгледа Роберт денес:

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-11.jpg

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-10.jpg

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-09.jpg

imal-seks-so-stotici-zeni-pa-6-godini-celibat-sega-cheka-prva-brachna-nokj-za-seks-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирален хит: Татко од затвор ѝ испраќа инспиративни писма на ќерка си ... Таткото на Ариел Томас и покрај тоа што е осуден на 15 години затвор знае дека м...
2018-та тенок струк и голем задник - какви тела се во тренд низ години... Aко во 1990-тите години без во мода преслаби женски фигури, денес на цена се обл...
Воз само за жени, танцувачко шоу со роботи: 12 работи кои ќе ги доживе... Од гледање на сумо борби до патување со неверојатно брзи возови, Јапонија нуди у...