5 знаци кои покажуваат дека страдате од кошмари

Секој од нас понекогаш имал некој лош сон или вистински кошмар, но ако тоа се случува пречесто, тогаш може да страдате од нарушување на спиењето проследено со кошмари, наречено уште анксиозност на сонот.

5-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-stradate-od-koshmari-01.jpg

Еден од првите знаци дека тоа ви се случува е ако сте под стрес и загрижени дури и откако ќе се разбудите и во текот на следните денови по кошмарот. Иако ретко, оваа појава може да доведе и до ментални и физички пречки.

Кошмарите може да се појават поради употреба на одредени лекови, траума, долгорочен стрес или долга медицинска историја со нарушување на физичкото здравје. Ако забележувате дека на подолг рок не можете да спиете добро поради кошмарите, морате да се обратите кај лекар.

Знаци кои покажуваат дека страдате од кошмари:

1. Кошмарот ви пречи и кога сте будни

Ако стресот поради сонот трае и во текот на целиот ден, тоа значи дека вие добро се сеќавате што сте сонувале. Најчесто соништата избледнуваат по првите неколку часа од будењето, но ако до следната ноќ сте вознемирени, тогаш го имате ова нарушување.

2. Анксиозни сте поради кошмарот

Кошмарите, особено ако се многу чести, влијаат врз квалитетот на животот, продуктивноста, желбата за социјализација и врз одржување на здравиот циклус на спиење.

5-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-stradate-od-koshmari-02.jpg

3. Страв ви е да заспиете

Толку се вознемиривте што страв ви е да ги затворите очите, бидејќи мислите дека кошмарот ќе продолжи. Морате да побарате помош што поскоро, пред проблемот да стане посериозен.

4. Имате кошмари најмалку еднаш неделно

Еднаш неделно е доволно за кошмарот да ви го наруши нормалниот начин на функционирање. Иако би требало да се ретки, некои луѓе страдаат од кошмари и повеќепати од еднаш неделно.

5. Имате промени во расположението и несвестица

Понекогаш се случува поради кошмарот, односно нарушеното спиење и стресот, да забележите дека страдаат физичкото и менталното здравје. Во потешките случаи се појавуваат и епизоди на депресија, кои понатаму можат да ги влошат кошмарите уште повеќе.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
10 знаци дека сте навистина мрзлива личност Ја одложувате работата постојано и секогаш чекате до последната минута за да ја ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg