Практични трикови и совети за оние на кои прва мисла по будење им е кафето

Се будите наутро и ништо не можете да направите сè додека не ја испиете својата прва шолја кафе. Дури после можете да размислувате на туширање, облекување и излегување.

praktichni-trikovi-i-soveti-za-onie-na-koi-prva-misla-po-budenje-im-e-kafeto-01.jpg

Можеби ви се чини дека тајната на брзото будење лежи во таа доза турско кафе, еспресо или инстант-кафе, но она што сигурно веќе потсвесно го знаете е дека ова воопшто не е точно. Тајната на будното утро е квалитетниот сон.

Кофеинот е само стимуланс со кој не треба да претерувате, но кој сепак ви помага да се ставите себе во работна состојба.

Како да го постигнете тоа? Следете ги следниве трикови:

Не консумирајте кофеин шест часови пред спиење

Ако можете и повеќе, би било подобро. Кофеинот е супстанца која долго се задржува во вашето тело и воопшто не е чудно ако не можете да спиете поради кафето кое го испивте веднаш после работа.

Влијанието на кофеинот трае најмалку шест часови, па поради тоа би требало да го модифицирате вашиот распоред за пиење кафе или кофеински чај.

Дремнете во текот на денот

Наместо да пиете кофеински пијалак за да останете будни, дозволете сисебе да дремнете 20-тина минути. Таа дремка ќе ви помогне да се одморите, а сè што е подолго од тоа е веќе влегување во фазата на длабок сон и будење по на пример, еден час, ќе ве направи уште поуморни.

Внимавајте оваа дремка да се случува најдоцна до 19 часот, за да избегнете да влијае врз вашиот сон, ако си легнувате околу 22:30-23 часот.

praktichni-trikovi-i-soveti-za-onie-na-koi-prva-misla-po-budenje-im-e-kafeto-02.jpg

Следете го будењето преку ноќ

Луѓето се будат во текот на ноќта поради многу причини. Едни поради лош сон, други затоа што се жедни, трети поради потребата за одење во тоалет... Забележете што најчесто ве буди вас и размислете дали може некако да го спречите тоа.

Обрнете внимание дали вашето будење трае подолго од 20 минути и како влијае на натамошниот сон. Водете дневник за да можете полесно да ги лоцирате причините.

Пониска температура, подобар сон

Оваа теорија одамна е докажана и во пракса дека подобро е да се покриете со повеќе ќебиња, отколку да спиете во соба каде се грее. Одржувањето на т.н. хигиена на сонот значи и да не ја прегревате спалната соба, бидејќи тоа води до лошо спиење и будења по кои се чувствувате повеќе поспано и загушено, отколку уморно.

Одржувајте распоред на спиење и за викенд

За викенд е нормално да си дозволите да легнете подоцна и да се разбудите подоцна, но внимавајте тоа да не се многу часови разлика во однос на регуларниот распоред. Не отстапувајте повеќе од два часа и обидете да ја отспиете истата бројка часови како и во работните денови.

Обидете се со апликација

На мобилните телефони може да се инсталира апликација на која ќе го водите вашиот циклус на сон и дневник на причини за будење. Овие апликации често во себе содржат и корисни линкови, а по некое време и самите успеваат да извлечат некоја шема на однесување, според која можете да се водите кога е спиењето во прашање.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg