7 работи што му се случуваат на телото кога сте под стрес подолго време

Колку и да се трудите да го избегнувате или игнорирате, стресот постојано владее околу нас и тивко „напаѓа“.

7-raboti-shto-mu-se-sluchuvaat-na-teloto-koga-ste-pod-stres-podolgo-vreme-01.jpg

Сите сме опкружени со стрес, независно дали заради некои ситни работи кои нè мачат, проблеми на работа, семејни ситуации или други животни предизвици.

Понекогаш, стресот може да се појави дури и од проблеми за кои не сте свесни дека ги имате и потајно да ве исцрпува.

Затоа, важно е да знаете како телото реагира во стресни ситуации, посебно ако го трпите стресот подолго време.

Како да препознаете дека сте под стрес и дека е време да направите нешто – работи кои му се случуваат на телото кога сте под стрес долго време:

1. Ќе имате нарушувања во исхраната

Стресот има моќ да влијае на апетитот и може да направи нарушувања во исхраната, па или ќе јадете премногу или целосно ќе избегнувате храна.

2. Лесно ќе се фрустрирате

Уште една негативна работа која се случува кога сте под стрес е губењето трпение.

3. Нарушен сон

Стресот го нарушува нормалниот биоритам, па колку подолго сте под стрес, толку потешко вашиот ум се ослободува од непотребни мисли, што му прави на телото потешко да заспие.

4. Постојан замор

Како резултат на нарушениот сон, постојаните напади на нервоза и губење трпение, постојано се чувствувате изморено и немате енергија и желба за ништо.

5. Зголемена потреба за кофеин

Кога сте под стрес и губите енергија, внесувате повеќе кофеин бидејќи ви е потребна енергија и го гледате како средство за смирување и подигање.

6. Секоја ситница ве нервира

Стресот ги заслепува луѓето, го затвора умот, го саботира рационалното размислување и презема контрола врз цело тело и ум, па често се иритирате и нервирате за секакви ситници околу вас.

7. Главоболки

Кога сте долго време под стрес почнувате да искусувате физичка болка, која најчесто е во вид на тензични болки во главата.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg