3 фрази со кои брзо и лесно ќе ги неутрализирате сите критики

Не постојат совршени луѓе, токму поради тоа луѓето секогаш ќе пронајдат причина да го осудат она што го правите. За жал, никогаш нема да можете целосно да ги избегнете критиките, но можете да научите како да извлечете важни лекции од нив. Со овие 3 фрази ќе можете лесно и брзо да ги неутрализирате сите критики.

3 frazi so koi brzo i lesno ke gi neutralizirate site kritiki 01

Кажете "Да!"

Кога некој ќе ве предизвика, првото нешто што треба да го направите е да ги смирите вашите емоции и да бидете свесни дека секој човек има право на сопствено мислење.

Обидете се да ги погледнете работите од нивна перспектива и да дознаете со што би можеле да се согласите. Лицето кое испраќа критики автоматски очекува отфрлање - тоа е во човечката природа. Кога истата личност ќе ги чуе зборовите "благодарам", наместо очекуваниот отпор, ќе остане збунета во најпозитивна смисла.

Кога ќе кажеме "Да" на одреден приговор, треба да се подготвиме за конструктивен дијалог со личноста од другата страна.

"Но ..."

Некои критики не се совпаѓаат со нашите ставови и разбирања за одредена ситуација. Затоа е исклучително важно отворено да го искажете своето мислење.

 

Треба да се фокусирате на истакнување на објективни информации, наместо да се обидувате да го оправдате вашето мислење. Луѓето се спремни да прифатат многу повеќе, доколку им се понуди објаснување на пристоен и прифатлив начин. Токму ова може да им помогне да ја видат ситуацијата од поинаква перспектива и да го земат предвид вашето размислување.

Зборот "но" ни помага кога треба да земеме став со кој наведуваме дека не се согласуваме со нечие мислење. Дури и кога сме свесни дека другата личност има право да нè критикува, не сме принудени да го прифатиме нивното мислење како единствената вистина.

3 frazi so koi brzo i lesno ke gi neutralizirate site kritiki 02

"Би можеле..."

Кога ќе ја ислушаме критиката и ќе го изразиме нашето мислење, важно е заеднички да одлучиме што треба понатаму да правиме. Треба да се предложат конкретни и конструктивни идеи.

Но негативната критика некогаш може да биде и позитивна, бидејќи ќе научиме во кои области можеме да се подобриме. И уште поважно, овој процес е исклучително корисен во градење на подобрите односи со другите луѓе.

Се разбира, слушање на критики не е лесно. Некои луѓе се навредуваат и на најмалите критики. Колку сме позрели како индивидуи, толку повеќе ќе им дозволиме на другите луѓе да ги изразат нивните мислења.

Сите имаме право да згрешиме и не треба да трошиме толку многу енергија обидувајќи се да ги скриеме или оправдаме нашите грешки.

3 frazi so koi brzo i lesno ke gi neutralizirate site kritiki 03

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...

Најчитани неделава