Зошто е важно да се поставуваат личните граници во односите со луѓето?

Личните граници се она што не дефинира во односите со другите луѓе. Границите се начинот на кој им кажуваме на другите луѓе дека се почитуваме, но исто така и дека заслужуваме и бараме почит.

Zosto e vazno da se postavuvaat licnite granici vo odnosite so lugeto 01

Пред сè, важно е да разберете дека секој има право да ги постави границите, да се заштити и да се брани. Ние првите треба да имаме здрав однос со себеси и со нашето достоинство. Поставувањето на границите е значаен чекор во учењето да се сакаме. Утврдувањето на границите не е чин на себичност, туку чин на самодоверба.

Целта на овие граници е да се заштитиме себеси на физичко, емоционално и ментално ниво и да се грижиме за себе. На овој начин го чуваме нашиот интегритет и го контролираме нашиот живот. Личните граници служат да ги научиме луѓето кои сме ние и како сакаме да се однесуваат кон нас.

Zosto e vazno da se postavuvaat licnite granici vo odnosite so lugeto 02

Зошто често немаме граници или зошто им дозволуваме на другите да ги скршат? Причината е стравот. Страв да кажеме "не", да бидеме отфрлени и напуштени ако се спротивставуваме и сл. Исто така, во прашање може да биде и страв од конфликти.

Како честа причина се јавува и вината. Нејзиниот извор можат да бидат разни работи, но она што на сите ни се има случено многу пати во животот е чувство дека не сме доволно добри.

Лошите граници или нивниот недостаток им дозволува на луѓето да влегуваат во нашиот живот, без разлика дали се посакувани или не, и да прават со нас што сакаат. На тој начин можеме да влеземе во ситуација во која тешко ќе ги одвојуваме нашите желби и емоции од туѓите. Поради ова често се чувствуваме одговорни за емоциите на другите луѓе и зависиме од нивните мислења. Ова звучи како добар рецепт за нездрави односи, нели?

Zosto e vazno da se postavuvaat licnite granici vo odnosite so lugeto 03

Како да поставите здрави граници? Она по што треба да се стремите се силни, а не нефлексибилни или непостоечки граници.Треба да знаете кога да кажете “НЕ“ за да го заштитите вашето битие и вашата благосостојба, без да чувствувате вина за тоа.

Границите никогаш не треба да ги поставувате од гнев или лутина, туку во состојба на смиреност. Кога ќе размислите што сакате да постигнете и кои граници треба да ги поставите, ќе добиете позитивни ефекти.

Доколку некоја граница не произведува добри резултати не е важно. Тоа значи дека не е за вас. Се обидовте, а ако не функционира треба да пронајдете начин на кој ќе ја прилагодите границата. Поставување на корисни граници е учење, процес. Потребни се време и искуство.

Zosto e vazno da se postavuvaat licnite granici vo odnosite so lugeto 04

Границите кои ќе ги одредите треба да бидат во согласност со вашите убедувања, желби и чувства. Не се грижете за тоа како другите луѓе ќе реагираат на нив. Тие постојат за вас и никому не треба да му се извинувате за нив. И не заборавајте, здравите граници водат кон здравите односи.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg