Што значат петте најчести гестови кои Доналд Трамп ги прави со рацете?

Експертот за говор на тело, Роберт Фипс, неколку месеци го има анализирано Доналд Трамп и какви гестови прави со рацете додека држи говори, па врз база на тоа има „дешифрирано“ што значи секој од нив.

sto-znacat-pette-najcesti-gestovi-koi-donald-trump-gi-pravi-so-racete-001.jpg

Зошто при јавните говори некогаш ги крева двете дланки, а некогаш покажува со прст?

Толкувањата се следниве:

1. Круг од палецот и показалецот

Трамп го користи овој гест за да ја покаже точноста и цврстината на фактите кои ги изнесува во моментот.

sto-znacat-pette-najcesti-gestovi-koi-donald-trump-gi-pravi-so-racete-1.jpg

2. „Пиштолот“ вперен нагоре

Трамп го крева показалецот нагоре, кога се обидува да поентира со некој збор или исказ, односно да ја нагласи важноста на она што го кажува.

sto-znacat-pette-najcesti-gestovi-koi-donald-trump-gi-pravi-so-racete-2.jpg

3. Двете раце нагоре

Во овој случај Трамп сака да каже „потчинет сум, немам оружје на располагање.“

sto-znacat-pette-najcesti-gestovi-koi-donald-trump-gi-pravi-so-racete-3.jpg

4. Вперен прст

Иако вперувањето на прстот во некого или нешто се смета за некултурно, Трамп го користи кога сака да се поврзе со некоја индивидуа или со публиката пред која зборува. Исто така, може да му значи и благодарност.

sto-znacat-pette-najcesti-gestovi-koi-donald-trump-gi-pravi-so-racete-4.jpg

5. Мафтање со раката

Овој гест на Трамп е знак дека стои цврсто на земја. Често го користи кога одговара на прашања во дебати и на овој начин покажува дека неговите мисли соодветствуваат на она што го кажува.

sto-znacat-pette-najcesti-gestovi-koi-donald-trump-gi-pravi-so-racete-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Голите фотки на Меланија, пријателството на Доналд и Епстин: Скандалите од кои семејството Трамп не ... Иако денес разголените фотки како да станаа норма, Меланија се соочи со критики ...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...

Најчитани неделава