Чудни навики кои ги имаат луѓето на кои не може да им се верува

Не е лесно да се каже за некого дали може да му се верува, прво поради вашите субјективни чувства кон таа личност, а второ, поради нивната извежбаност да бидат доверливи.

chudni-naviki-koi-gi-imaat-lugjeto-na-koi-ne-mozhe-da-im-se-veruva-01.jpg

Но, секогаш можете да забележите дека некој детаљ не ви се вклопува во концептот и токму тој детаљ е јасниот знак дека на таа личност не можете да ѝ верувате. Следен кој нема да ве излаже во однос на тоа е вашето претчувство, на кое е подобро да му верувате, отколку да го игнорирате.

И покрај ова, вие не сте заштитени, бидејќи во светот постојат манипулативни луѓе, а вие лесно можете да станете нивна жртва, особено ако не сте таква личност. Но, немојте ниту пак да бидете параноични за секоја личност која штотуку ја запознавате. Бидете набљудувачи и следете ги навиките на оние околу вас.

Ако препознавате некое од следниве однесувања, можеби покрај вас имате манипулатор на кој не може да му верувате:

Ги игнорираат вашите граници

Иако јасно сте ставиле до знаење до каде може да одат со вас, овие луѓе ги игнорираат вашите граници и уште ви се смеат во лице покрај тоа. Некои примери за тоа се стоење преблиску до вас, одбивање „не“ како одговор, скокоткање, зборување дури и кога сте опоменале... На овој начин тие ве тестираат, а вие можете едноставно, да заминете.

chudni-naviki-koi-gi-imaat-lugjeto-na-koi-ne-mozhe-da-im-se-veruva-02.jpg

Претеруваат со контактот очи во очи

Бидејќи еден од знаците на недоверливост е избегнувањето директен контакт со очи, овие луѓе може да го прават токму спротивното - да иницираат интензивно гледање еден во друг, до степен да ви стане непријатно од тоа. На тој начин сакаат да предизвикаат вие да се чувствувате хипнотизирано и да изгубите глава од доверливост, па да почнете да одговарате на нивните прашања. За среќа, доволно сте умни да не паднете на ова.

Доминираат во разговорот

Иако мислите дека имате разговор, реалноста е дека сведочите на монолог на личност на која треба да се преиспитате дали ѝ верувате. Да, таа е шармантна, приказната е одлична и вие можеби сте хипнотизирани од харизмата, но запрашајте се дали воопшто дојдовте до збор во текот на разговорот?

Имаат претерано променливо расположение

Во еден момент се одлични, но веќе во следната секунда се иритирани, па дури и спремни да влезат во вербален конфликт со вас. Промените во расположението, особено кога нема видлив тригер за тоа, се јасен знак дека треба да се држите подалеку од таа личност. Лошо е што додека да се освестите дека тоа е така, може веќе да бидете длабоко вовлечени во нивната игра.

chudni-naviki-koi-gi-imaat-lugjeto-na-koi-ne-mozhe-da-im-se-veruva-03.jpg

Пребрзо се отвораат

Ако некој пребрзо ви ги покажува „скелетите во плакарот“, можеби таа личност не е доволно стабилна за да може да одржи нешто во доверба. Иако на прв поглед ви изгледа дека се работи за отворена личност која нема проблеми со тоа каква е, размислете дали вие би се отвориле на некој кој го гледате најмалку вторпат во животот?

Имаат нељубезни и дрски забелешки

Манипулативните луѓе може да кажат многу тешки зборови, но тоа да го направат во форма во која ќе ве навлечат на нив. На пример, да дадат некоја дрска забелешка за вашиот изглед, но веднаш потоа да ве натераат да направите нешто од кое тие би имале корист. На пример, забелешка за вашата коса и предлог да посетите конкретен фризер. Обрнете внимание и отворете очи, за да ја зачувате својата безбедност.

Кај нив не постои емпатија

Социопатите и психопатите не знаат за емпатија. Ако гледате како некој ужива во туѓата несреќа, тогаш држете се што подалеку од таа личност.

chudni-naviki-koi-gi-imaat-lugjeto-na-koi-ne-mozhe-da-im-se-veruva-04.jpg

Знаат премногу

Ако сте биле мета на ваква личност, многу веројатно веќе ве имаат пребарано на интернет и на социјалните мрежи и знаат доста за вас. Тоа е сосема во ред, бидејќи сите сме такви „манијаци“ за оние кои нè интересираат, но проблем е кога ги користат тие информации за да ви се потсмеваат или уште полошо, за да ве уценуваат.

Ќе ви кажат како треба да се чувствувате

Ако досега не сте забележале дека некој ве манипулира, тогаш можеби сте доведени до ситуација во која веќе премногу верувате на таа личност, до степен што ви кажува како се чувствувате и како треба да се чувствувате. Ако сте во тешка фаза од својот живот, веројатно и ќе ги послушате. Ако се сомневате дека некоја од личностите околу вас е недоверлива, прочитајте ги уште еднаш наведениве знаци и обидете се да препознаете некој од нив.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава