Денес бидете љубезни - 10 начини да си го подобрите расположението со помагање на другите

Задржете ја вратата за некого

Или помогнете и на старата изнемоштена сосетка со полните торби - мал чин на љубезност што ќе ви ја нахрани душата.

Испратете порака за добро утро

На вашиот партнер, пријател, колега… Посакувањето некому убав ден е сосема доволно за да поттикнете позитивно расположение.

Оставете добар бакшиш

Можеби и вие самите имате искуство во угостителството, па знаете колку значи да изброите добар бакшиш на крајот од денот. Овозможете го тоа чувство некому со тоа што ќе оставите поголем бакшиш од вообичаено.

Бидете совесен возач

Сите секогаш некаде брзаме и забораваме на сообраќајната култура. Брзо го губиме трпението во сообраќајниот хаос и често ја влошуваме и онака лошата ситуација. Денес пуштете некого да се престрои, застанете на сите пешачки премини и почитувајте ги сите правила.

Бидете љубезни кон себе

Бесцелно е да правите добри работи за другите, ако не правите добри работи за себе. Простете си за грешките, отфрлете ги негативните мисли и потсетете се дека секогаш го правите најдоброто.

А. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Фотки кои покажуваат колку е чудно нашето тело Личност која не може да ги витка палците, маж со побелена брада, но ниту едно бе...
Лудата приказна за парот кој чувал огромна мечка: Ѝ правеле шпагети, ѝ славеле родендени Почнувајќи од 1970-тите, пар од Шкотска цели 25 години чувал мечка. И покрај тоа...

Најчитани неделава