Мистериозни човечки видови за кои повеќето луѓе не знаат дека постоеле

Современите луѓе, Хомо Сапиенс, се единствениот преживеан член на хомо родот. Сега е речиси незамисливо да се сетиме дека постоело време кога на светот живееле повеќе човечки видови. Од објавувањето на Дарвиновото „Потекло на видовите“ во 1859 година, до фосилните остатоци на австралопитекот Луси, откриваме сé повеќе и повеќе остатоци од исчезнати човечки видови.

Misteriozni covecki vidovi za koi poveketo luge ne znaat deka postoele 01

Нашето семејно дрво сега е исполнето со, не само директни предци како Хомо Хабилис и Хомо Ерекус, туку и братучеди и далечни роднини како Хомо Неандерталтенис и Хомо Денисова.

Но, и покрај тоа што сега се познати толку многу изумрени човечки видови, сè уште постојат мистерии поврзани со потеклото на човекот.

Homo Heidelbergensis

Homo Heidelbergensis е изумрен човечки предок кој живеел пред околу 600 000 години во Африка, делови од Азија и Европа. Се верува дека е директен предок на неандерталците, а некои археолози дури тврдат дека се работи за „архаични“ или „рани“ неандерталци.

Homo Heidelbergensis биле исклучително високи, но исто така и интелигентни. Користеле камени копја направени од обсидиан за лов, а можеби се и првите видови на човек кои намерно ги закопувале своите мртви.

Homo Rudolfensis

Овој изумрен човечки предок е познат преку мал број на фосилизирани коскени фрагменти. Постои и дебата околу тоа дали Homo Rudolfensis е најраниот познат член на хомо родот.

Поради малку достапни податоци не се знае многу за овој вид, но доказите сугерираат дека мозокот им бил пропорционално поголем од другите најрани членови на хомо родот.

Misteriozni covecki vidovi za koi poveketo luge ne znaat deka postoele 02

Боскоп

Боскоп е откриен во 1913 година во Боскоп, Јужна Африка. Значаен е, бидејќи имал поголем череп од модерниот човек. Откако биле откриени други примероци од овој вид го добива името Хомо Капенсис.

Меѓутоа, по жестоките критики во 1950-тите Боскопскиот човек, заедно со остатокот од Хомо Капенсис беше прекласифициран како анатомски модерен Homo Sapiens, а не исчезнат предок, и покрај проценетата големина на главата која била 30% поголема од модерниот просек.

Homo Denisova

Се работи за едно од неодамнешните откритија на изумрен човечки вид. Homo Denisova е откриен во пештерата Денисова, во Сибир во 2008 година. Досега се откриени многу малку остатоци, но благодарение на напредокот во анализата на ДНК можно е да се следи геномот на овој вид.

Со овие докази, можно е да се докаже дека некои луѓе од Тибет имаат фрагменти од ДНК на овој вид, како што некои Европејци имаат мал процент од ДНК на неандерталците.

Misteriozni covecki vidovi za koi poveketo luge ne znaat deka postoele 03

Пенгу

Друг исчезнат човечки вид пронајден во 2008 година беше Homo Tsaichangensis, кој доби прекар Пенгу. Остатоците на Пенгу беа откриени од страна на рибари кои работеле во близина на островите Пенгу, покрај брегот на Тајван. Тој имал многу дебели и гигантски заби. За сега не е можно да се одреди колку е стар фосилот, односно, во кој период живеел Homo Tsaichangensis.

Homo Naledi

Доказите за овој вид беа откриени во 2013 година, во една пештера во Јужна Африка. Триесет метри под површината се пронајдени илјадници коски со уникатни и интересни карактеристики.

Некои примероци имаат повеќе модерни човечки карактеристики, а нивните коски датираат пред околу 250.000 години, но заклучено е дека тие не биле директен предок на современите луѓе.

Хобит

Во 2004 година истражувачите објавија дека откритле остатоци на човечки фосили на островот Флорес, во Индонезија. Луѓето на островот одамна зборувале за Ебу Гого, наводна раса на ниски, влакнести луѓе кои живееле во пештери.

Зачудувачки, откривањето на камените алатки и остатоци од мал хоминид во една пештера на островот докажа дека легендите за малите луѓе се вистинити. Ебу Гого добија официјално име Homo Floresiensis, според островот, но станаа познати како Хобити.

Хобитите имале многу примитивен и мал мозок, како и нашите најрани предци австралопитеци, но можеле да користат алатки, а исто така можеле и да ловат и да користат оган.

Со нови техники во полето на ДНК анализа можеме да научиме повеќе за изумрените видови на луѓе кои сега можат да се преиспитаат и анализираат подетално. Доказите укажуваат дека луѓето имаат многу изумрени роднини, а со секое откритие учиме нешто ново за тоа кои сме и од каде потекнуваме како вид.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...

Најчитани неделава