Пиво, фрижидер, Wi-Fi – Генијални работи кои биле измислени од жени

Во текот на историјата повеќето од светските лидери, филозофи и пронаоѓачи биле мажи. Сепак, многу работи што ги познаваме и сакаме денес, всушност, беа создадени од жени. 

Pivo frizider Wi Fi Ovie isklucitelno vazni raboti bile izmisleni od zeni 01

Без разлика дали овие предмети се забавни или апсолутно клучни за нашиот секојдневен живот, истите придонесоа многу за нашиот начин на живеење, како и за самата историја.

Ова се неколку исклучително важни работи кои биле измислени од жени:

Електричен фрижидер

Порано свежината на храната се одржувала со кеси полни со мраз, кои често морале да се менуваат. Сето ова се промени кога Флоренс Парпарт го измисли електричниот фрижидер.

Првиот третман за лепра

Лепрата е неверојатно тешка болест за лекување. Можеме да ѝ се заблагодариме на Алис Бол, која пронајде ефективна метода за третман за лепра. Како хемичар, Бол пронајде начин да ги изолира масните киселини и ја создаде првата верзија за инекција за лекување на лепра.

Бришачи

Бришачите на шофершајбната им помагаат на возачите јасно да го видат патот пред нив, благодарение на изумот на Мери Андерсон. На 10 ноември, 1903 година, Андерсон го создаде патентот за чистење на стаклото од дожд или снег.

Таа се обиде да ја продаде својата идеја на компаниите, но ѝ беше кажано дека нејзиниот пронајдок е некорисен. Всушност, таа никогаш не заработила пари од оваа идеја.

Pivo frizider Wi Fi Ovie isklucitelno vazni raboti bile izmisleni od zeni 02

Компјутерски софтвер

Компјутерскиот софтвер е измислен од жена наречена Ада Лавлејс, ќерка на поетот лорд Бајрон. Лавлејс пронајде начин на кој аналитичкиот мотор (првиот компјутер) би ги пресметувал броевите. На овој начин е создаден компјутерски софтвер.

Првиот познат компјутерски јазик беше наречен „Ада“ по Ада Лавлејс, и сè уште е во употреба во многу аспекти.

Електричен бојлер

Оваа технологија е измислена во 1917 година од страна на Ида Форбс. Од тогаш до денес електричните бојлери поминаа низ многу промени, од мали, преносливи модели до масивни модели за поголеми сместувања.

Wi-Fi

Актерката Хеди Ламар се сметаше за убава и интелигентна. Во Америка дојде од Германија, бегајќи од нацистите. Ламар беше едно од најголемите имиња во Холивуд.

Но пред да стане ѕвезда во САД, Ламар работела со композитор за да создаде начин за намалување на сигналните проблеми во телекомуникациите за време на Втората светска војна. Овој дизајн стана фундаментален во многу технологии, вклучувајќи го и Wi-Fi-то.

Оваа технологија се користела бесплатно за борба против нацистите, а со текот на годините, истата стана основа за мобилната технологија и многу други работи. За жал, Ламар никогаш не добила пари за нејзиниот пронајдок, иако го држеше патентот, а нејзините напори најверојатно спасиле многу животи за време на војната.

Таа конечно доби признание за нејзиниот пронајдок после 50 години.

Pivo frizider Wi Fi Ovie isklucitelno vazni raboti bile izmisleni od zeni 03

Пиво

Додека се претпоставува дека пивото е „измислено“ случајно, кога пред 10.000 години некој згрешил правејќи леб, пивото кое било намерно направено е создадено пред околу 7.000-9.000 години.

Историчарите истакнуваат дека сите изработки на пивото најверојатно биле решавани од страна на жените. Во текот на вековите рецептите се создавани и усовршувани од анонимни жени, кои внимателно го создаваа најдоброто пиво за своите заедници.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
13 корисни работи од TEMU кои ќе ви го олеснат летниот одмор со деца Направа за полесно нанесување крем за сончање, голема мрежеста торба која собира...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава