5 особини кои не се поврзани со гените

Природно е да мислите дека генот е виновен за вашите предности и недостатоци. 

5 osobini koi ne se povzani so genite 01

Но, треба да знаете дека не сите ваши особини се наследни и (за жал) за некои работи не може да се „вадите“ на гените.

Не паметите имиња

Генот не е виновен ниту за тоа што не го паметите датумот на вашата годишнина од брак.

Докажано е дека моќта на вашиот мозок не е фиксирана во биологијата - генетиката има своја улога, но главниот ген одговорен за меморијата допринесува многу малку во однос на таа мозочна функција.

5 osobini koi ne se povzani so genite 02

Не сте креативни

Креативноста не е работа на генетиката. Развојот на креативноста зависи најмногу од вашата мотивација и личен интерес, така што голем мит е дека таа се наследува.

Всушност, секој човек со нормални ментални способности може да стане покреативен од тоа што е - треба да има отворен ум, да генерира идеи и да користи разни тактики за решавање на проблемите.

5 osobini koi ne se povzani so genite 03

Имате две леви нозе

Едно истражување спроведено на универзитетот во Вашингтон покажало дека луѓето ги оценуваат танчaрите според симетријата на нивните тела (генетска предиспозиција), но не докажува дека постои поврзаност помеѓу ДНК-та и талентот за танцување.

Раните искуства, вашите преференци, можности, навики и тренинг се она што ќе ве направи добри танчaри.

5 osobini koi ne se povzani so genite 04

Важите за лош возач

Во обид да се пронајде поврзаноста на одреден ген со умешноста зад воланот и меморијата, научниците велат дека гените не се директно врзани со моторните вештини.

Гените влијаат на расположението на човекот, фокусот и степенот на анксиозност, но многу други клучни фактори се во игра како вежбата и фокусот.

5 osobini koi ne se povzani so genite 05

Имате слаба ориентација

Нашето чувство за правец се базира на меморија, а човекот користи два типа меморија за да се движи низ просторот - првиот се базира на паметење објекти, додека вториот на паметење далечина. На пример, прво би се сетиле на бензиската станица, а потоа дека за да стигнете до неа треба да одите уште 100 метри право и да свртите лево.

И двата типа меморија се всушност вештини што може лесно да ги подобрите со вежбање.

A. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 особини кои ја откриваат жената што имала животни предизвици (и е вистинска лавица) Оваа жена научила дека сопствениот мир е важен. Затоа знае кога да каже „не“ и н...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава