Вистинските (супер)херои низ историјата, кои го смениле светот

Секогаш кога ќе го слушнете зборот „херој“, најверојатно автоматски помислувате на зборот „супер“, а пред вас гледале слика на „Одмаздници“ кои тепаат лоши луѓе.

Ova se vistinskite superheroi koi go smenile svetot 01

Овие херои секогаш добро изгледаат, имаат совршено тело и посебна облека или наметка што ги издвојува. Вашиот херој е совршен во секој поглед, тој не може да стори ништо погрешно, секогаш доаѓа на време, изгледа беспрекорно и се држи до моралното упатство кое му е вградено.

Суперхероите ги поставија стандардите прилично високо. Можат ли да постојат ваквите личности?

Па, во текот на историјата постоеле многу луѓе чии дејства го смениле светот, без разлика дали тоа било нивна намера или не, а нивните постапки ги направиле херои.

Луѓето на оваа листа се вистинска инспирација, а нивната решителност да го направат она што е исправно ги прави суперхерои на нивен уникатен начин.

Стивен Хокинг

Стивен Хокинг е човек кој им се спротивставил на сите физички, емоционални и академски граници во својот живот. Тој страдал од амиотрофична латерална склероза, болест поради која бил парализиран.

Тој, не само што имал решителност да им се спротивстави на предвидувањата на лекарите за неговата болест, туку го посветил својот живот на светот на науката.

Роза Паркс

Роза Паркс одбила да се откаже од своето седиште во автобус, за да му го препушти на човек со светла боја на кожа. Роза била афроамериканка која е позната како „мајката на движењето за слободата“.

Таа била уапсена за овој акт на пркос, бидејќи имала поинаква боја на кожата. Роза стана симбол на отпор против расната сегрегација.

Џејн Адамс

Адамс била посветен пацифист и мировен активист, а ја добила и Нобеловата награда за мир во 1931 година за нејзините хуманитарни кампањи. Ја основала Меѓународната лига за мир на жените во 1919 година.

Адамс помогна на многу групи кои во тоа време се сметале за малцинства; жени, деца и имигранти. Се борела против експлоатацијата на детскиот труд, им помагала на сиромашните и воспоставувала центри за имигранти.

Ova se vistinskite superheroi koi go smenile svetot 02

Јованка Орлеанка

Без оглед дали верувате во нејзините божествени моќи или не, Јованка Орлеанка позитивно влијаела врз француската војска пред нејзиното убиство во 1431 година. Се тврди дека можела да ги слушне гласовите на светците во главата кои ја пренесувале пораката од Бог.

Фасцинантно е што една девојка од само деветнаесет години успеала да го направи она во што верувала дека е исправно. Имајќи предвид дека Јованка била ќерка на земјоделец која не знаела да чита или да пишува, а кралот ѝ верувал со нејзините совети.

Витолд Пилецки

Пилецки ги доживеал вистинските ужаси на војната… доброволно. Тој бил член на полскиот отпор, а кога во 1940 година Германците го изградиле Аушвиц, Пилецки се пријавил да оди во логорот и од самото место да поднесува извештај.

Пилецки во Аушвиц основал тајна илегална организација која имала повеќе од илјада членови. Тој постојано испраќал извештаи преку курири за тоа што точно се случува во Аушвиц.

Неговата земја потоа го осудила на смрт со обвиненија за шпионажа и нелегално преминување на границите под лажно име. Полска го убила својот најголем воен херој на сите времиња, кој 42 години подоцна станува национален херој.

Ova se vistinskite superheroi koi go smenile svetot 03

Оскар Шиндлер

Оскар Шиндлер, член на Нацистичката партија, чија приказна е раскажана во филмот „Листата на Шиндлер“ кој бил награден со Оскар, ги спасувал Евреите така што ги вработувал во своите фабрики.

Во 1963 година тој бил прогласен за Праведниот меѓу нациите. Оваа почесна награда им се доделува на луѓето кои не се припадници на еврејската религија но кои имаат значајна улога во спасувањето на животите на Евреите за време на Холокаустот. Тој исто така го примил и Орденот за заслуги на Федерална Република Германија.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg