Радиоактивни играчки, човечки ЗОО, лекување со кокаин: Бизарни работи биле легални во минатото


Радиоактивни играчки, човечки ЗОО, лекување со кокаин: Бизарни работи биле легални во минатото

Ако мислите дека луѓето прават необични работи денес, треба да ја проверите нашата, релативно понова историја и ќе видите дека нашите предци правеле чудни работи, кои во тоа време биле легални.

Radioaktivni igracki covecki zooloski gradini lekuvanje so kokain 03 630x340 01 630x340

Можете ли да замислите лекување на заби со кокаин или испраќање на деца по пошта? Можеби ќе ве изненади што порано се користеле кафези за бебиња и радиоактивни играчи, сосема легално. Или дека било модерно да се оди на екскурзија во менталните болници.

Ова се неколку бизарни работи кои биле дозволени и вообичаени во минатото:

Третман со кокаин

Пред 100 години луѓето не ја сметале оваа супстанција за штетна. Напротив, кокаинот бил достапен во сите аптеки и можел да се купи без рецепт, а се користел за третман на кашлица и забоболка. Кокаинот, исто така, се препорачувал како седатив за деца.

Испраќање на деца по пошта

Звучи како шега, но на почетокот на 20-от век Американците имале можност да ги испратат своите деца преку пошта апсолутно легално. Тоа ги чинело околу 15 центи, ако нивното дете не тежело повеќе од стандардната пратка.

Ваквите „грижливи“ родители најверојатно сакале да заштедат пари со испраќање на своите деца на роднини.

Кафези за бебиња

Во 1930-тите, жичените кафези за бебиња се користеле често во британските семејства. Со помош на овие опасни конструкции кои се поставувале на балконите, децата можеле да вдишуваат свеж воздух додека нивните мајки биле зафатени. Неверојатно е што овие кафези се сметале за безбедни.

Radioaktivni igracki covecki zooloski gradini lekuvanje so kokain 02

Сомнителни методи за лекување

Порано докторите користеле чудни методи при третмани на болести. Пуштање на крв бил лек за сите болести, со сечење на јазикот се „спречувало“ пелтечење, се изведувала лоботомија и се лекувало со електрошокови.

Човечки зоолошки градини

Човечките зоолошки градини имале за цел да ги покажат луѓето од Азија и Африка како „доказ“ за теоријата на Дарвин. Таквата срамна забава постоела многу години.

„Забавни екскурзии“ во ментални болници

Пациентите во психијатриските болници порано биле третирани ужасно, вработените ретко ги хранеле, иако роднините плаќале за сместувањето на пациентите. Но ова не било доволно за сопствениците на менталните болници.

Посетителите кои сакале да платат можеле за одредена сума на пари да ги гледаат болните луѓе, а некои дури и ги удирале со стап.

Радиоактивни играчки

Во 1950-тите радијацијата била третирана како прилично безбедна. „Атомските“ играчки, како што била мини лабораторијата, биле многу популарни. Овие сетови вклучувале вистински полониум и ураниум во мали количини.

Radioaktivni igracki covecki zooloski gradini lekuvanje so kokain 03

Пушење за време на бременост

Пушачите се денес на многу начини ограничени. Но пред 70 години, американските лекари препорачувале бремените жени да пушат.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи заради кои вашите соседи може да ве „замразат“ Можеби не сте свесни, но со некои постапки веројатно предизвикувате да сте им ом...
Работи од кои треба да се ослободите пред новата година Сите сакаме новата година да ни почне среќно, успешно и мотивирано, а за таа цел...
20 работи кои вреди да ги искусите пред да наполните 35 Во животот постојано се наоѓаме во различни фази, кога имаме и различни ставови,...