Aко заложувањето за себе ме прави себична, тогаш мило ми е што сум

Наречи ме егоистична и арогантна, но тоа е мојот механизам за преживување. Тоа што не го носам срцето на виделина можеби прави да изгледам како ку*ка, но така се заштитувам од болката.

ako-zalozhuvanjeto-za-sebe-me-pravi-sebichna-togash-milo-mi-e-da-bidam-01.jpg

Да, можете да кажете дека сум ку*ка затоа што се заложувам за себе. Ако засилувањето на тонот на мојот глас и борењето за моите права ме прави ку*ка, тогаш мило ми е да бидам.

Нема да бидам тивка која некој ме изневерува или прави будала од мене на каков било начин.

Немам проблем со тоа да отсечам луѓе од мојот живот, ако се токсични и не ме почитуваат. Се почитувам себеси. Немам ниту време, ниту енергија за да се справувам со нивните глупости.

Да, можете да кажете дека сум ку*ка затоа што мојата добрина и љубов треба прво да се заслужат од мене. Нема да бидам фина и културна ако ми се обраќаш дрско.

Ќе го возвратам ударот. Нема да ти глумам насмевки, ако знам дека не ме сакаш. Нема да се обидувам да направам да се чувствуваш добро, кога ти веќе си направил да се чувствувам лошо.

Мојата тишина понекогаш ќе биде протолкувана како ароганција, а мојата гласност како нападност, но тоа не е вистина. Лесно е да пресудиш погрешно кога некого не познаваш доволно.

Јас сум од оние луѓе со кои да се поврзеш ти е потребно одредено ниво на зрелост и ранливост – нешто што многу луѓе го немаат.

Можеби ти изгледа како да не се грижам за никој, но вистината е дека имам големо срце и се грижам многу за луѓето што ми се блиски. Многу сум чувствителна и можам лесно да бидам повредена, па затоа секогаш имам одбранбен штит.

ako-zalozhuvanjeto-za-sebe-me-pravi-sebichna-togash-milo-mi-e-da-bidam-02.jpg

Понекогаш сум многу интензивна на старт, но полна сум со разбирање и имам отворен ум. Јас сум личност која со тебе би седела со часови и би ги слушала твоите проблеми, стравови или страсти во животот.

Нема да те осудам, ниту да направам да се чувствуваш несигурно за своите глупави одлуки и грешки.

Некои велат дека сум студена и без срце, но тоа е затоа што не ги искористиле десетиците шанси што сум им ги дала и сум ги отстранила од мојот живот.

Наречи ме егоистична и арогантна, но тоа е мојот механизам за преживување. Тоа што не го носам срцето на виделина можеби прави да изгледам како ку*ка, но така се заштитувам од болката.

Длабоко во себе имам срце кое знае да сака и сака да биде сакано.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...

Најчитани неделава