7 митови за интровертните луѓе

Се верува дека околу 25% од населението е интровертно, но и покрај голем број на такви луѓе, сé уште постојат некои инсинуирачки мислења за интровертите кои не ги покажуваат во најдобро светло.

7 mitovi za introvertnite luge 01

Поради нивната природа се смета дена се непристојни, повлечени, дека не сакаат да зборуваат и дека секогаш сакаат да бидат сами, што е голема предрасуда.

Дознајте кои 7 митови најчесто се поврзани со интровертните луѓе и зошто истите не се точни...

Мит #1 – Интровертите не сакаат да зборуваат

Тоа не значи дека интровертните луѓе намерно избегнуваат разговори. Тие едноставно не сакаат да разговараат со луѓе кога немаат ништо паметно да кажат на темата на разговорот.

Мит #2 – Интровертите се непристојни

Интровертите не сакаат да бидат непристојни, но понекогаш другите луѓе имаат таков впечаток за нив, првенствено заради нивната брутална искреност.

Мит #3 - Интровертите секогаш сакаат да бидат сами

Интровертите сакаат да размислуваат, да сонуваат и да ги решаваат проблемите сами, но тоа не значи дека никогаш не се чувствуваат осамено и дека не сакаат да го поминуваат своето време со другите луѓе.

7 mitovi za introvertnite luge 02

Мит #4 - Интровертите се чудни

Поради фактот што се самостојни и што размислуваат со своја глава, интровертите често се карактеризираат како чудни луѓе. Ова не е вистина.

Ако некое лице не сака да биде дел од толпата и ја цени својата индивидуалност, тоа не значи дека е ексцентричен или дека нешто не е во ред со него.

Мит #5 - Интровертите не знаат како да се опуштат и забавуваат

Интровертите знаат како да се релаксираат, но тие бираат да уживаат во топлината на нивниот дом или природа, а не на зафатените јавни места или собири.

7 mitovi za introvertnite luge 03

Мит #6 - Интровертите не ги сакаат луѓето

Секоја личност која има пријател интроверт знае дека ова не е вистина. Интровертите се лојални личности, а откако ќе ја стекнете нивната доверба, ќе се обидат да ви останат најдобри пријатели засекогаш.

Мит #7 - Интровертите можат да станат екстровертни

Интровертите не можат да избегаат од својот темперамент и не би било фер да ги терате да се однесуваат спротивно на нивната природа. Сите луѓе треба да се третираат со иста почит.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
Митови за преживување кои не се само лажни, туку и опасни Немојте да пиете вода од кактус ако се изгубите во пустина бидејќи ова може да в...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава