Ја насликал во ментална институција откако си го пресекол увото - која е инспирацијата за „Ѕвездена ноќ“ на Винсент ван Гог?

Сигурни сме дека веднаш можете да ја препознаете „Ѕведена ноќ“ - најпознатата слика на Винсент ван Гог. Но знаете ли кога и зошто ја насликал?

neverojatnata-prikazna-zad-dzvezdena-nokj-na-van-gog-01.jpg

За време на неговата кратка кариера, пионерот на постимпресионизмот, Винсент ван Гог, направил навистина неверојатни ремек-дела кои им се препознатливи и на оние кои не се заинтересирани за уметноста.

Ван Гог најчесто сликал мртва природа, но сакал да слика и пејзажи и автопортрети. 

Најпознатата слика на ван Гог е „Ѕвездена ноќ“ и, на некој начин, прикажува редок момент на смиреност во неговиот хаотичен живот. 

Кога и зошто ја насликал „Ѕвездена ноќ“?

Животот во Арл

Ван Гог бил роден во Холандија, во 1853 година. Иако уште како мал покажал интерес за уметност, имал неколку различни работни места пред целосно да му се посвети на сликањето на 27-годишна возраст.

Откако сфатил дека нема да доживее уметнички успех во Холандија, решил да му се придружи на неговиот брат Тео во Париз. 

За жал, времето поминато во Франција не дало подобри резултати.

„Ми изгледа речиси невозможно да работам во Париз, освен ако немам засолниште каде што можам да си го вратам мирот“, напишал сликарот во писмо што го испратил до брат му.

Барајќи го својот мир, ван Гог се упатил на југ, кон францускиот град Арл. Дотогаш веќе имал проблеми со алкохолизам.

Додека бил овде, сликарот го развил својот препознатлив стил, карактеризиран со живи бои и експресивни потези со четката.

neverojatnata-prikazna-zad-dzvezdena-nokj-na-van-gog-02.jpg

„Ѕвездена ноќ над Рона“

Пред да ја наслика „Ѕвездена ноќ“, ван Гог ја насликал „Ѕвездена ноќ над Рона“. На сликата е претставено ѕвезденото небо над реката Рона, гледано од брегот во Арл.

И на оваа слика се забележува неговиот препознатлив стил.

Атмосферата на сликата е мирна и се гледаат само двајца љубовници, а наводно токму оваа смиреност е она што ја разликува од популарната „Ѕвездена ноќ“.

neverojatnata-prikazna-zad-dzvezdena-nokj-na-van-gog-03.jpg

Другата „Ѕвездена ноќ“

Додека бил во Арл, менталното здравје на ван Гог само се влошувало.

Кон крајот на неговиот престој во Арл, Ван Гог дошол до конфликт со уметникот Пол Гоген по што си пресекол дел од неговото уво. Следното утро бил однесен во болница во Арл, а бил пуштен по неколку денови.

Кога ја сфатил сериозноста на неговите проблеми со менталното здравје, ван Гог решил да го напушти Арл и да оди во ментална институција. 

За време на престојот во институцијата во Сен Реми де Прованс, ван Гог зел уште една соба која ја претворил во уметничко студио.

Токму овде ја направил и „Ѕвездена ноќ“, дело кое го прикажува погледот преку „железните шипки на неговиот прозорец“.

Сликата е направена во најлошиот период од неговиот живот и со неа тој пробал да ги прикаже емоциите кои ги будел погледот од неговиот прозорец во менталната установа.  

На сликата има и елементи инспирирани од родната Холандија, а самиот сликар има напишано дека „ѕвездите го тераат да сонува“. Па, веројатно затоа се едни од главните елементи на сликата. 

На 27-ми јули 1890 година, само околу една година откако ја завршил „Ѕвездена ноќ“, Ван Гог се застрелал. Два дена подоцна, им подлегнал на повредите.

neverojatnata-prikazna-zad-dzvezdena-nokj-na-van-gog-04.jpg

Важноста на „Ѕвездена ноќ над Рона“

Иако е помалку позната од другата „Ѕвездена ноќ“, оваа слика се смета за едно од најголемите ремек-дела на Ван Гог.

Сместена во музејот Орсе во Париз, сликата до денес ги восхитува љубителите на уметноста.

Она што ја прави попосебна е значајноста што ја имала за сликарот. Тој сметал дека ноќите во Франција се поживописни од деновите, а првпат успеал да го прикаже тоа токму со „Ѕвездена ноќ над Рона“.

neverojatnata-prikazna-zad-dzvezdena-nokj-na-van-gog-01.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg