Смртоносни болести што би можеле да се вратат поради климатските промени

Влијанието на глобалното затоплување веќе почнува да се забележува насекаде. Од екстремни временски услови, па сè до покачување на нивото на морето, овој проблем станува навистина реален. Но, покрај другите катастрофи што можат да бидат предизвикани од глобалното затоплување, овде е и враќањето на некои смртоносни болести.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-01.jpg

Проблемот е што овие вируси и бактерии биле неактивни во мразот, кој сега почнува да се топи. Поради ова, вирусите и бактериите ќе завршат во водата и многу лесно ќе стигнат до нас.

Погледнете кои смртоносни болести би можеле да се вратат поради глобалното затоплување:

Антракс

Во почетокот на 20-тиот век, над милиони елени ѝ подлегнале на сибирската чума, болест што нам ни е позната како антракс.

Според некои истражувања, мразот денес крие можеби 1,5 милиони лешови од елени заразени со болеста, која може да преживее и над 100 години.

Во 2016-та година се стопил мразот околу еден ваков леш и ја ослободил инфекцијата во водата, почвата и храната. Поради ова умреле над 300 елени и 72 одгледувачи на елени, а 41 дете било хоспитализирано. Научниците се плашат дека ова не е единствениот случај.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-02.jpg

Бубонска чума

Во 2011-та година едно истражување открило остатоци од бубонска чума во мразот. Оваа болест убила над 20 милиони луѓе во Средниот век. На научниците не им е целосно јасна поврзаноста помеѓу чумата и климатските проблеми.

Но, најверојатно причината е фактот дека бактериите од чумата преживуваат и се размножуваат во почва и вода, како и растопениот мраз. Кога глодарите копаат или се движат низ почвата, ја „закачуваат“ бактеријата и ја разнесуваат преку болвите.

Во Монголија секоја година умира барем една личност од чума, а во 2016-та година почина и 10-годишно момче од Сибир, кое ја фатило болеста додека ловело со неговиот дедо.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-03.jpg

Шпански грип

Помеѓу 1917-ма и 1918-та година, шпанскиот грип убил околу 50 милиони луѓе ширум светот. Кога еден научник, Јохан Хултин, се обидел да најде примерок од вирусот во хибернација, се упатил во Алјаска. Таму зел примероци од неколку гробници во кои се знаело дека има луѓе кои умреле од шпански грип.

Кога се вратил во својата лабораторија, научникот успеал до го „оживее“ вирусот. Ова значи дека вирусот може да хибернира долги периоди и може повторно да се појави кога ќе се стопи мразот.

Проблемот е што според научниците, сега сме можеби и поранливи на пандемијата од овој вирус бидејќи населението постојано се зголемува.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-04.jpg

Лепра и туберкулоза

Лепрата и туберкулозата биле навистина чести болести во првиот век. Иако се присутни и денес, нивниот долг период на инкубација (околу 20 години) и намалениот број на истражувања резултирале со речиси дупло повеќе нови случаи со заболени.

Овие болести се навистина отпорни и повеќето од нивната ДНК е собрана од средновековни гробови во Европа. Но, неодамнешните ДНК докази покажале дека болестите можат да преживеат и над 17.000 години.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-07.jpg

Древни бактерии

Астробиологот доктор Ричард Хувер од НАСА открил бактерија што била замрзната 32.000 години. Во лабораторијата тој успеал да ја врати во живот, а после неколку тестирања, од НАСА заклучиле дека откриле нова животна форма.

Во 2017-та година, научниците открија уште постара бактерија во рудник во Мексико. И овие микроби биле оживеани и почнале да се размножуваат кога биле однесени во лабораторија. Бактериите биле отпорни на 18 видови антибиотици.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-08.jpjg.jpg

Големи вируси

Во 2013-та и 2014-та година научниците откриле два огромни вируси во сибирскиот мраз. Вирусите биле толку големи, што биле видливи и со обичен микроскоп.

Бидејќи веднаш станале инфективни, ова покажува дека треба да бидеме повеќе загрижени за она што може да „оживее“ откако ќе се стопи мразот.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-09.jpg

Носители на непознати древни патогени

Научниците имаат откриено ДНК секвенци од бројни непознати бактерии во мразот кои можат да ни наштетат. Остатоците од неандерталците кои живееле на Сибирот и кои ја имале болеста почнуваат да се откриваат со топењето на снегот.

Проблемот е што овие болести им се непознати на научниците и најверојатно не сме имуни на нив.

smrtonosni-bolesti-shto-bi-mozhele-da-se-vratat-poradi-globalnoto-zatopluvanje-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Исчезнати деца, заканувачки телефонски повици: Нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Крис и Лисен од Холандија во 2014-та биле на планинарење во Панама, а оттогаш им...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Волшебници, астрономи, филозофи, јасновидци - кои биле древните друиди? Друидите биле членови на образована, професионална класа на луѓе меѓу келтските ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg