9 луѓе со повисок коефициент на интелигенција од Ајнштајн

Евангелос Кациулис: 198

Наводно, Евангелос го има највисокиот тестиран коефициент на интелигенција во светот. Грчкиот психијатар има диплома по филозофија и медицинска технологија за истражување.

9-lugje-so-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn-06.jpg

Шо Јано: 200

Американскиот лекар се запишал на факултет на 9-годишна возраст, а дури да наполни 21 веќе бил доктор на науки. Има црн појас во таеквондо и компонира музика, но главниот фокус му е на детската неврологија.

9-lugje-so-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn-07.jpg

Нејтан Леополд: 200

Нејтан зборувал дури 9 јазици додека да наполни 18 години, но не ја искористил неговата интелигенција за нешто добро.

Во 1924-та година, на 19-годишна возраст, бил уапсен за убиство откако се обидел да го направи „совршеното криминално дело“. Поминал 33 години во затвор и умрел во 1971-ва година.

9-lugje-so-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn-08.jpg

Мерлин вос Савант: 228

Кога Мери имала 10 години, тест за интелигенција за возрасни открил дека има коефициент од 228. Таа одговара филозофски и математички прашања за читателите на весникот Parade во нејзината колумна Ask Marilyn.

9-lugje-so-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn-09.jpg

Аинан Коли: 263

Ирското дете гениј одело на универзитетски предавања по хемија на 8-годишна возраст, а до наредната година ги запомнил првите 518 децимали на Пи. Денес тој има 19 години и изгледа го привлекува забавната индустрија.

На 12-годишна возраст напишал сценарио и компонирал музика за краток филм со наслов Reflection.

9-lugje-so-povisok-koeficient-na-inteligencija-od-ajnshtajn-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg