Мексико Сити не може да овозможи неопходни услови за живот – Кои се најнаселени градови во светот?

Знаевте ли дека пред 1.000 години, на Земјата имало само 170 милиони луѓе? Оттогаш до денес населението само расте, па оваа година на Земјата живеат 7,7 милијарди луѓе, а се очекува до 22-риот век овој број да достигне 10 милијарди.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-01.jpg

Овој пораст доаѓа со голем број предизвици, особено на места каде што нема доволно храна и вода. Сепак, има и добри вести. Статистиката покажала дека порастот забавува, а во некои држави бројот на жители дури и се намалува.

Но, сè уште постојат градови во кој бројот на жители е навистина голем, а во продолжение погледнете кои се најнаселените.

Гуангжу, Кина

Население: 12.967.862

Гуангжу е град во јужна Кина. И покрај тоа што границите на градот се проширени изминативе неколку децении, поголемиот број луѓе живеат во областите во близина на градот.

Рио де Жанеиро, Бразил

Население:13.374.275

Овде живеат 5.400 луѓе на километар квадратен. Добрите вести се тоа што растот на населението забавува.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-02.jpg

Тианџин, Кина

Население: 13.396.402

Од 1953-та до 1958-ма бројот на жители во Тианџин се зголемил за неверојатни 188%.

Манила, Филипини

Население: 13.698.889

Иако порастот на урбаното население се намалува, ова не значи дека градот не е натрупан. Всушност, ова е најгусто населената општина, каде што во просек живеат 14.500 луѓе на километар квадратен.

Во најгусто населената област живеат 70.000 луѓе на километар квадратен.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-03.jpg

Лагос, Нигерија

Население: 13.903.620

Овој град го сочинуваат 250 разни етнички групи, а поголемиот дел од населението, односно 66% живее во сиромаштија.

Калкута, Индија

Население: 14.755.186

Ииндија и Кина се најнаселените држави во светот, па не е ни чудно што на листава се најде Калкута.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-04.jpg

Истанбул, Турција

Население: 14.967.667

Истанбул е најнаселениот град во Европа. Во 1502-ра година, Истанбул бил најнаселениот град во светот.

Буенос Аирес, Аргентина

Население: 15.057.273

Иако во јадрото на градот живеат само 3 милиони луѓе, во околниот регион има уште 12 милиони.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-05.jpg

Чонгкинг, Кина

Население: 15.354.067

Како и многу други азиски градови, и Чонгкинг доживеа голем пораст на населението. Всушност, Чонгкинг е градот со најголем пораст, а изгледа дека ова нема да се промени уште долго.

Карачи, Пакистан

Население: 15.741.406

Една петтина од урбаното население во Пакистан живее во Карачи. Карачи е еден од најгусто населените градови во светот и на еден километар квадратен живеат по 24.000 луѓе.

koi-se-najnaselenite-gradovi-shirum-svetot-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава