Од коса на познати личности до минијатурни столици: Најчудните работи што луѓето ги собираат
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Монтер 21-10-2019


Од коса на познати личности до минијатурни столици: Најчудните работи што луѓето ги собираат

Веројатно се прашувате зошто некој би чувал огромни количини празни лименки, шишиња со млеко, мечиња, даски за сурфање, бришачи и четки за заби. Едноставно, нема рационален одговор, бидејќи луѓето се едноставно чудни.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 01

Овие луѓе собираат невообичаени премети, од коса на познати личности до минијатурни столици:

Коса на познати личности

Џон Резникоф е сопственик на бизарната и најскапата колекција на прамени коса во светот. Така, тој тврди дека има коса од Едгар Алан По, Алберт Ајнштајн, Абрахам Линколн, Мерилин Монро, Лудвиг ван Бетовен и многу други.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 02

„Do Not Disturb” знак

Жан Франсоа Верн има повеќе од 11.111 „Do Not Disturb” знакови од дури 189 земји. За да се сеќава на секое од неговите многубројни патувања, тој ги собирал овие знаци од местата во кои престојувал.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 03

Кукли Дедо Мраз

Шерон Бадгли толку многу ги сака празниците, а особено го сака Дедо Мраз. Таа е сопственик на 6.000 кукли Дедо Мраз. Тие доаѓаат во различни големини и материјали.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 04

Карти Џокер

Тони де Сантис, италијански магионичар, е голем обожавател на трикови со карти. Затоа е веројатно опседнат со картата Џокер. Имено, тој поседува колекција од 8.250 карти со ликот на Џокер.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 05

Минијатурни столици

Барбара Хартсфилд сака столици, но не какви било, туку минијатурни. Така, со текот на времето, таа го срушила рекордот со нејзините 3.000 столици, кои ги собира повеќе од 10 години.

Барбара решила да го сподели своето хоби со други луѓе, па во 2008 година отворила музеј посветен на минијатурни столици.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 06

Гумени патки

Вали Хамер има една симпатична опсесија: ја фасцинираат гумени патки. Нејзината колекција е специфична и беспрекорна, бидејќи не само што вклучува 2.450 патки, туку секоја патка е единствена.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 07

Налепници од банани

Беки Марц не само што сака да јаде банани, туку има и една необична навика, а тоа е да ги отстрани малите налепници од секоја од нив. Сега може да се пофали со колекција од 7.000 уникатни налепници за банани.

Od kosa na poznati licnosti do minijaturni stolici ova se najcudnite raboti 08

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 луѓе со супермоќи кои ниту науката не може да ги објасни Запознајте ги мажот што не чувствува болка, мажот што јаде метал, жената мегафон...
Познати жени кои се доказ дека може да изгледате стилски и ако имате о... Тоа што не носите мал број на облека, не значи дека не може да изгледате стилски...
Луѓе кои имаат обични професии, а може да работат како модели (фото) Дали некогаш сте сретнале некој вработен кој ви го привлекол вниманието со својо...