Неверојатни работи што мозокот ги прави без наша помош

Мозокот е орган без кој не би постоеле. Од размислување и зборување, па сè до движење на телото, мозокот е заслужен за сè што правиме.

lazhni-sekjavanja-i-nekontrolirano-smeenje-neverojatni-raboti-shto-mozokot-gi-pravi-bez-nasha-pomosh-01.jpg

Интересно е што ние не сме ни свесни за поголемиот дел од работите што ги прави и контролира нашиот мозок.

Погледнете за кои работи станува збор:

Филтрирање информации

Секојдневно сме изложени на илјадници информации, од кои поголемиот дел не ги помниме. Но, ова не значи дека вашиот мозок не ги регистрирал, туку едноставно ги филтрирал.

Доколку сме свесни за секое нешто што сме го виделе или слушнале во текот на денот, можеме да полудиме. Поради тоа, мозокот одбира што ни е важно, а што не, и според тоа ги филтрира информациите добиени во текот на денот.

Овој процес е познат како селективно внимание.

Трепкање

Луѓето трепкаат на секои 2 до 10 секунди. Сепак, за ова не сме свесни сè додека не обрнеме внимание на нашето трепкање.

Трепкањето е автоматски рефлекс со кој се штити и задржува влажноста на окото. Истиот рефлекс се активира и кога нешто нагло се приближува кон нашето лице.

Иако можеме свесно да го сопреме трепкањето, по некое време мозокот ќе ве „присили“ повторно да трепнете.

lazhni-sekjavanja-i-nekontrolirano-smeenje-neverojatni-raboti-shto-mozokot-gi-pravi-bez-nasha-pomosh-02.jpg

Движењето на јазикот при зборување

Кога зборуваме, најчесто размислуваме само за она што сакаме да го кажеме. Речиси сигурно не размислувате за синхронизацијата на мускулите на јазикот што ја овозможуваат вербалната артикулација.

Говорот го учиме со имитирање. Најпрво склопуваме делови од реченици што сме ги слушнале и почнуваме да го разбираме нивното значење. Поради ова се создава структура во којашто се сместени нашите зборови.

Со имитирањето и учењето на нови зборови, мозокот мора свесно да размисли како да го произведе саканиот звук. Но откако ќе го научи секој звук, овој процес станува автоматски.

Нè лаже дека сме добри во нешто

Замислете си дека вашето дете ви покажува навистина лош цртеж, но вие како родител му велите дека е одличен. Но кога детето ќе порасне, ќе сфати дека цртежот навистина бил лош, без разлика што и самото верувало дека е добар.

Оваа позитивна повратна информација нè уверува дека се вклопуваме во некој критериум. Ова го менува начинот на којшто се гледаме себеси, па почнуваме да мислиме дека сме подобри во нешто отколку што навистина сме.

lazhni-sekjavanja-i-nekontrolirano-smeenje-neverojatni-raboti-shto-mozokot-gi-pravi-bez-nasha-pomosh-03.jpg

Регулирање на температурата

Температурата на човечкото тело е 36-37 степени Целзиусови, а мозокот ја одржува без воопшто да бидеме свесни за тоа.

Нашиот организам има рецептори кои го известуваат мозокот за температурата на телото. Ако, на пример, рецепторите пратат сигнал дека сме во топло опкружување, мозокот му дава наредба на телото да се испоти за да се разлади.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава