Неверојатни работи што мозокот ги прави без наша помош

Го менува помнењето

Дали мислите дека кога еднаш ќе ви се случи нешто, засекогаш ќе го помните точно како што се случило? Но, изгледа дека ова не е точно.

Едно истражување, спроведено од Елизабет Лофтус и Џон Палмер, покажало дека нашиот мозок може да измени некое сеќавање доколку добил нови информации за настанот. Овие нови информации стануваат дел од оригиналното сеќавање, па на некој начин го прават лажно.

lazhni-sekjavanja-i-nekontrolirano-smeenje-neverojatni-raboti-shto-mozokot-gi-pravi-bez-nasha-pomosh-04.jpg

Одржување рамнотежа

Сигурно додека одите не размислувате за тоа. Но знаете ли колку работа има мозокот само за да одржиме рамнотежа?

За да го постигне ова, мозокот користи информации од очите, мускулите, зглобовите и вестибуларниот систем.

Сè што ќе видиме и секое движење што ќе го направиме му помага на мозокот да процени каде се наоѓаме и што има околу нас, за полесно да се движиме низ просторот.

Кивање

Кивањето можат да го предизвикаат алергиите и стимулансите кои предизвикуваат чешање. Сепак, најчесто не сме ни свесни дека во носот имаме нешто што ни пречи, сè додека не кивнеме.

Стимулацијата на нервните завршетоци во носот активира рефлексен одговор во мозокот, па кивнуваме.

lazhni-sekjavanja-i-nekontrolirano-smeenje-neverojatni-raboti-shto-mozokot-gi-pravi-bez-nasha-pomosh-05.jpg

Тресење

На сите ни е познато тресењето кога ни студи, но што го предизвикуваат ова?

И тресењето е рефлекс кој постои за наша заштита. Кога рецепторите во нашата кожа ќе почувствуваат дека температурата е ниска, нервниот систем го „известува“ хипоталамусот за ова.

Тогаш хипоталамусот им дава сигнал на мускулите за брза контракција, што ние ја чувствуваме како тресење. Ова тресење го загрева нашето тело и е надвор од наша контрола.

Смеење

Дали ви се случило да ве фати смеа во навистина непогодна ситуација? И за ова е виновен вашиот мозок.

Авторите на едно истражување од 1998-ма година сметаат дека смеењето е поттикнато од разни делови од мозокот, од кои секој е одговорен за разни искуства.

Постои емотивна реакција, когнитивен процес на разбирање зошто нешто е смешно и, на крај, неконтролирана реакција која вклучува мрдање на мускулите на лицето и формирање насмевка.

Откако ќе сфатиме дека нешто ни е смешно, мозокот предизвикува физичка реакција која понекогаш е навистина тешко да се контролира.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава