6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа)

Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што сакате вие? Тогаш имате проблем со доминатно однесување.

6-prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-otkriete-vashata-toksichna-osobina-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-01.jpg

Постојано слушаме совети како да се држиме настрана од токсични луѓе за да се заштитиме

Но, некогаш токсичните луѓе не се свесни дека спаѓаат во оваа категорија.

Што значи, сите треба да го преиспитаме нашето однесување, да направиме саморефлексија и да си поставиме некои прашања за да утврдиме дали и ние имаме некоја токсична карактеристика.

Кога ќе бидеме свесни за нашите лоши и токсични особини, дури тогаш ќе можеме да почнеме да работиме на нив.

Бидејќи никој не е совршен и сите имаме по некоја мана, вреди да си ги поставите следниве прашања и да дознаете нешто повеќе за себе:

Дали често чувствувате љубомора и завист за туѓиот успех, без разлика колку таа личност се трудела?

Токсична одлика – нарцисоидност

Нормално е повремено да чувствувате љубомора и завист.

Но, ако сметате дека некоја блиска личност која се „убила“ од работа не го заслужува својот успех, тогаш можеби имате некои нарцисоидни тенденции.

Кога ќе забележите завист во вакви ситуации, потсетете се дека животот не е натпревар. Бидете среќни за другите и не се споредувајте со нив.

Дали сметате дека е во ред да излажете некого за да добиете нешто што сакате?

Токсична одлика – манипулативност

Не постои личност која не кажала лага и некогаш малите лаги можат да бидат и во ред.

На пример, да ѝ кажете на пријателка дека новиот фустан ѝ е многу убав, без разлика што вас воопшто не ви се допаѓа.

Но, доколку лажете за да добиете нешто, тогаш вие користите манипулација.

Пред да кажете лага, запрашајте се дали ви користи вам или со неа штитите некого. Ако сакате да излажете за да добиете нешто, подобро кажете ја вистината.

6-prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-otkriete-vashata-toksichna-osobina-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-02.jpg

Дали постојано мислите за најлошото можно сценарио (и на сите околу вас им зборувате за тоа)?

Токсична одлика – хронична негативност

Сите имаме лоши денови и на сите некогаш ни е тешко да ја видиме светлата страна.

Но, ако постојано имате „црни“ мисли и зборувате само за проблеми, грижи, стравови и слично, вие сте негативна личност.

Некогаш ваквите мисли можат да произлегуваат од проблеми со менталното здравје, како анксиозност или депресија.

Па, ако не можете да ги контролирате, секогаш е добро да се консултирате и со експерт.

Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што сакате вие?

Токсична одлика – доминантно однесување

Во ред е некогаш да преземате контрола, но ако сакате да бидете главни во секоја ситуација, дури и кога не сте баш релевантни или компетентни, тогаш имате проблем со доминантно однесување.

Пред да истапите и да почнете да ги наметнувате вашите ставови, мисли и идеи, добро размислете дали тоа е неопходно.

Некогаш треба да се повлечете и да им дадете простор на другите, дури и ако не се согласувате со нив.

6-prashanja-shto-kje-vi-pomognat-da-ja-otkriete-vashata-toksichna-osobina-i-kako-da-se-oslobodite-od-nea-03.jpg

Дали сметате дека е во ред да користите закани за да стигнете до целта?

Токсична одлика – агресија

Ако имате навика да ги газите сите пред себе, да им се заканувате, па и да бидете насилни за да стигнете до некоја цел, тогаш дефинитивно имате проблем со агресија.

Пред да избувнете, пробајте да го контролирате темпераментот и подобро дајте си пауза од неколку секунди пред да кажете нешто.

Дали ви е тешко да се поврзите со другите и бегате од ранливост?

Токсична одлика – емоционална недостапност

Нормално е да сакате да се заштитите, но ако сте затворени и пред најблиските и ги криете емоциите од нив, мора да поработите на ова.

Штом го правите ова, вие сте емоционално недостапна личност.

Со ова не само што си штетите себеси, туку со текот на времето ќе ги изгубите луѓето околу вас.

Важно е да им верувате на блиските, но и да им покажете дека им верувате.

Ако ви е тешко да ги споделувате емоциите, од помош може да ви биде и разговорот со експерт.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg