Храната секогаш е повкусна кога некој друг ќе ни ја подготви - психолошки факти кои објаснуваат многу работи

10-psiholoshki-fakti-koi-objasnuvaat-mnogu-raboti 02 630x340.jpg

6. Не сме толку добри во мултитаскинг како што мислиме дека сме

Истражувањето објавено во списанието за експериментална психологија покажува дека дури и кога мислите дека правите две работи одеднаш, она што го правите е брзо префрлање на едната задача.

Што значи, сè уште се фокусирате на една, а не на две или три како што мислите. 

Не е ни чудо што е толку тешко да го слушате вашиот партнер додека седите на Инстаграм.

7. Ние секогаш ќе најдеме проблем

Дали некогаш се прашувате зошто кога еден проблем ќе се реши, друг ќе го заземе неговото место? Не е дека светот е против вас - туку е вашиот мозок. 

Истражувачите побарале од волонтерите преку компјутерска галерија да избираат луѓе што изгледаат заканувачки.

„Бидејќи им покажувавме сѐ помалку и помалку заканувачки лица, со текот на времето, откривме дека тие ја проширија својата дефиниција за „заканување“ за да вклучат поширок опсег на лица“, пишува Д-р Левари.

Со други зборови, кога списокот на заканувачки лица се намалил, тие почнале да ги одбираат лицата кои порано ги нарекувале безопасни.

8. Моќта прави луѓето да се грижат помалку за другите

Веројатно сте слушнале за познатиот експеримент во затворот Стенфорд. 

Студентите на колеџ биле случајно определени да бидат или затвореник или чувар во лажен затвор, а „чуварите“ почнале да ги малтретираат „затворениците“.

Доста лошо било тоа што двонеделниот експеримент бил откажан по шест дена.

Тоа е прилично брз период, но подоцна истражувањата откриле дека кога луѓето чувствуваат позиција на моќ, тие значително ја губат емпатијата.

9. Парите можат да купат среќа, но само до одредена точка 

Истражувањата покажуваат дека во однос на приходите, луѓето имаат „точка на заситеност“, каде што врвот на среќата и заработувањето нема да ве направат посреќни.

Различни студии сугерираат различни суми (една студија од 2010 година наведе 75.000 американски долари, а пак истражувањето за 2018 година покажа дека е 105,000 американски долари), но сепак поентата е иста.

Постојаното насочување кон повеќе, повеќе и повеќе не прави парите да се пресудни за човековата среќа.

10. Социјалните медиуми се психолошки дизајнирани за да бидат зависни

Рековте дека само брзо ќе ги проверите известувањата на Фејсбук, а 15 минути подоцна сè уште го правите истото? Епа за жал, не сте единствени.

Поранешен програмер во ,,Mozila’’ вели дека тајната на максималната зависност се крие во работата на буквално илјадници програмери, кои секојдневно работат на тоа.

Тој вели дека иновацијата ги тера корисниците да гледаат во своите телефони многу подолго отколку што е потребно.

Исто така тврди дека постои болест наречена ,,интернет-зависност’’ и е многу тешко да се надмине, особено за генерациите родени во епохата на интернетот и социјалните мрежи.

Мила М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
9 (не толку) забавни ситуации пред празниците во кои ќе се препознае секоја жена Планирате да поминете најмалку можно време во кујната пред празниците, но толку ...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава