Храната секогаш е повкусна кога некој друг ќе ни ја подготви - психолошки факти кои објаснуваат многу работи

 Човечката психа е бесконечно комплексна, што значи дека секој ден излегуваат нови истражувања кои ни помагаат да сфатиме зошто сме такви какви што сме. 

10-psiholoshki-fakti-koi-objasnuvaat-mnogu-raboti 01 630x340.jpg

И додека некои психолошки студии ни пласираат прилично банални факти за психологијата, други се навистина просветлувачки.

Во продолжение ви откриваме факти од психологијата кои ја објаснуваат човековата природа и нашите гледишта врз одредени работи:

1. Ако имаме план Б, нашиот план А веројатно има помали шанси да успее

Во серија експерименти од Универзитетот во Пенсилванија, истражувачите откриле дека кога волонтерите не размислувале за резервен план пред да започнат задача, тие поминувале подобро од оние што размислувале за план Б.

Додатно на тоа, кога оние со резервен план сфатиле дека за крајниот резултат постојат повеќе опции, нивната мотивација значително опаднала.

Истражувачите потенцираат дека размислувањето однапред е добра идеја, но најверојатно добро осмислениот план А води кон поголема успешност наспроти неколкуте однапред подготвени стратегии.

2. Стравот може да направи да се чувствуваме добро - доколку навистина не сме во опасност

Не секој сака застрашувачки филмови, но за луѓето кои ги гледаат постојат неколку теории зошто ги сакаат, а главната се сведува на хормоните.

Кога гледате хорор филм, шетате низ темна и непозната средина, имате страв од летање, а сте во авион - телото лачи адреналин, ендорфин и допамин.

Во ваквите случаи, колку и да се плашите, мозокот признава дека не сте навистина во опасност, така што стресот кој го добивате е сосема безопасен.

3. До луѓето повеќе допира загрозувањето на една личност, отколку масовните трагедии

Во друга студија на универзитетот во Пенсилванија, една група дознала за мало девојче кое гладувало до смрт, друга дознала за милиони кои умираат од глад, а пак третата дознала за двете ситуации.

Луѓето донирале двојно повеќе пари кога слушнале за девојчето, отколку за масивното гладување на големата популација. Дури и третата група која ги слушнала двете приказни, донирала многу повеќе во корист на малото девојче. 

Психолозите сметаат дека сме емпатични да му помогнеме на лицето пред нас, но кога проблемот се чувствува преголем, сфаќаме дека не можеме премногу да делуваме и најлесен начин е да се повлечеме.

4. Полесно ги памтиме почетокот и крајот, отколку средината

Кога од луѓето се бара да се сетат на предмети од списокот, тие најверојатно ќе се сетат на работите од самиот крај или од самиот почеток, откриле на една студија објавена во „Frontiers of Human Neuroscience“. 

Средината се замаглува, бидејќи интензитетот на вниманието по самиот почеток значително опаѓа, а повторно се зголемува со наближувањето на крајот. 

Ова се среќава и при обично прераскажување на настан, случка, па дури и концерт или театарска претстава.

5. Храната секогаш е повкусна кога некој друг ќе ни ја подготви

Дали некогаш сте се запрашале зошто сендвичот од маалската сендвичара има подобар вкус од оној што вие ќе го направите дома, дури и ако ги користите истите состојки?

Една студија објавена во списанието Science открила дека кога си приготвуваме оброк, многу сме посветени и се чувствуваме многу повозбудливо од моментот кога го јадеме.

Времето изгубено во подготвување на оброкот, последователно го намалува нашето уживање.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg