Жена користи фотка од нејзиното куче за да покаже дека силувањето не се случува затоа што „жената си го бара“

Фотографиите од кучиња се секогаш прифатени од интернет заедницата, но оваа фотографија доаѓа и со многу важна порака.

zhena-koristi-fotka-od-nejzinoto-kuche-za-da-pokazhe-deka-siluvanjet-ne-se-sluchuva-zatoa-shto-zhenata-si-go-bara-01.jpg

Бри Вајсмен од Тенеси, САД, на Facebook објавила фотографија од нејзиното куче, кое стои до чинија со неговата омилена храна.

„За луѓето кои велат дека жените се силувани поради начинот на којшто се облекуваат, ова е моето куче. Неговата омилена храна е бифтек. Очите му се на висина на мојата чинија. Нема да ѝ се приближи бидејќи му реков така. Ако кучето се однесува подобро од вас, треба да размислите за вашиот живот“, стои во нејзината објава.

zhena-koristi-fotka-od-nejzinoto-kuche-za-da-pokazhe-deka-siluvanjet-ne-se-sluchuva-zatoa-shto-zhenata-si-go-bara-02.jpg

Интересно е што фотографијата е објавена пред дури 2 години, но сè уште кружи онлајн и е споделена над 300.000 пати.

„Единствената личност што треба да се обвини при силување е силувачот. Негова била одлуката да силува. Луѓето не треба да се грижат што ќе носат, од страв дека ќе бидат силувани. Сакам луѓето да согледаат дека ова е проблем и да застанат заедно против срамењето на жртвите.“

zhena-koristi-fotka-od-nejzinoto-kuche-za-da-pokazhe-deka-siluvanjet-ne-se-sluchuva-zatoa-shto-zhenata-si-go-bara-03.jpg

Бри додава и дека штом 4-годишен питбул го разбира зборот „Не“, без разлика колку сака нешто, тогаш возрасните треба да го разбираат истото, без разлика како некој е облечен.

„Како едно помалку интелигентно животно разбира повеќе од мнозинството од возрасното население?“, вели Бри.

За нејзиното куче, Луис, Бри вели дека го чува уште од мал и дека никогаш не го тренирала.

„Само му зборував како да е личност и со текот на времето го прифати тоа. Отсекогаш се однесувал многу добро.“

Извор

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...

Најчитани неделава