Што кажува за вас хуморот и начинот на кој најчесто се шегувате?

Многу луѓе сакаат да се смеат на добра шега или анегдота. Што хуморот и начинот на кој сакаме да се шегуваме со себеси или другите кажува за нас? 

shto-kazhuva-za-vas-humorot-i-nachinot-na-koj-najchesto-se-sheguvate-001.jpg

Хуморот е форма на комуникација, па начинот на кој го користиме, како и сите други форми на комуникација, зборува за тоа како се доживуваме себеси и другите.

Исто така, постојат многу причини зошто сакаме да користиме хумор: да бидеме популарни, да покажеме интерес за другите, да прикриеме навреда или вознемиреност, да заведеме некого.

Но честопати, и свесно и несвесно, користиме хумор за да ги прикриеме или откриеме нашите вистински чувства.

Така луѓето кои често се шегуваат за сопствената тежина поради, на пример, вишокот килограми, сакаат да го прикријат фактот дека понекогаш се незадоволни од нивниот изглед. Но всушност, со своите коментари ќе откријат колку се несигурни, токму заради нивниот изглед.

Во многу ситуации, хуморот е одбранбен механизам - ако први се шегуваме на своја сметка, луѓето нема да можат да го направат истото. Во превод, понекогаш се повредуваме само за некој друг да не нè повреди. 

Хуморот може да биде и груб и агресивен, затоа не треба секогаш да се изедначува со духовитост и весело расположение, што позитивно влијае на нас и нашите емоции. Хуморот честопати може да содржи потсмев, иронија и цинизам.

Тоа што сите се смеат не мора да значи дека нешто е навистина смешно. Многу често луѓето се насочуваат кон хумор за да избегнат некаква непријатност, да се борат со стресот или вознемиреноста.

shto-kazhuva-za-vas-humorot-i-nachinot-na-koj-najchesto-se-sheguvate-002.jpg

Луѓето кои се подготвени да ги исмеваат другите, под маската на хуморот, само за да се чувствуваат подобро, користат агресивен хумор. Се работи за луѓе полни со предрасуди кои се честопати бесчувствителни, поради што се незадоволни и не успеваат да се поврзат со другите луѓе.

Хуморот го откриваме во детството, во семејството, честопати во врските со браќата и сестрите или блиските роднини. Поголемиот дел од времето се смееме во друштво, многу ретко кога сме сами. Членовите на семејството се првите што нè насмеваат и првите што нè смеат.

Како што растеме го развиваме својот начини на изразување хумор: агресивен, поврзувачки, набљудувачки или самопотценувачки хумор.

Се разбира, можна е и комбинација на овие форми, во зависност од ситуацијата, но со текот на времето ќе преовладува една форма, делумно заради генетиката, а делумно заради влијанијата на животната средина.

Sto humorot i nacinot na koj sakame da se seguvame kazuva za nas 03

Агресивниот и самопотценувачки стил на хумор не ни е вроден, најчесто го преземаме или учиме од другите луѓе, а го користиме како одбранбен механизам. Хуморот што го користиме за да се поврземе со другите потекнува од нашите детски игри и начинот на кој сакаме да се забавуваме со другите.

Хуморот е еден вид вентил, начин на кој се справуваме со светот, со проблемите, со срамот, со неподготвеност да се соочиме со некого.

Користиме хумор кога сакаме да зборуваме за теми што нè вознемируваат, како што се смртта, брачните проблеми, сексуалноста, авторитетот… но, не можеме или не сакаме да го сториме тоа директно, затоа што веруваме дека не е социјално прифатливо.

Убаво е да имате смисла за хумор, или барем чувство за туѓа смисла за хумор. Наместо да се лутиме, кога ќе чувствуваме дека сме предмет на нечии шеги подобро е да се насмееме, затоа што тие шеги кажуваат повеќе за личноста која се шегува со нас отколку за нас.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg