Кога животот станува претежок и мислите дека се губите себеси, добро е да се потсетите на овие 6 важни работи

„Понекогаш, кога имате чувство дека тонете во темница, можеби едноставно сте семе кое штотуку е засадено“.

Dobro-e-da-se-potsetite-na-ovie-6-vazni-raboti-01.png

Никогаш не престануваме да еволуираме, да се менуваме и да се подобруваме себеси до моментот на смртта. Животот е таа прилика кога можеме да ја достигнеме најдобрата верзија на себеси. Онаа стара поговорка – „човекот учи додека е жив“, можеби најдобро нè опишува како битија.

Но понекогаш животот едноставно станува претежок. Препреките се превисоки, преголеми и чувствуваме дека сме уморни од него, од светот, од себеси.

И чувствуваме како да се губиме, како да не знаеме повеќе кои сме, што сме, на каде одиме, што сакаме да постигнеме. Сомнежот почнува да нè разјадува одвнатре и да нè тера да преиспитаме сè што сме и сè она што сме го направиле досега.

Во таквите моменти, добро е да се потсетите на следните 6 важни нешта кои полека ќе ве вратат во колосек:

Нормално е да раскинете со партнерите, пријателите и колегите

Доаѓа момент кога едноставни ги надраснувате некои луѓе. Тогаш ги чувствувате како непотребни парчиња од сложувалка – немаат место во вашиот мозаик.

Луѓето еволуираат, созреваат, се менуваат. Многу нормално е дека патиштата кои некогаш ви се вкрстиле со некои луѓе одеднаш се разединуваат. Доколку љубовта, пријателствата или познанствата ви создаваат повеќе горчина и несреќа, отколку задоволство и среќа, време е да ги раскинете и да кажете збогум.

И обратно, треба да сфатите и дека некој можеби едноставно ве надраснал вас. Луѓето се менуваат, тоа е непобитен факт. За некои луѓе не постои „си живееја среќно до крајот на животот“.

Нормално е да се чувствувате вина и грижа на совест

Луѓето одеднаш ви пререкуваат дека сте се смениле. Тоа е сигурно точно. Со текот на времето како што созревате, едноставно немате веќе време и енергија да заобиколувате наоколу, да бидете секогаш тактични и полни дипломатија.

Вие поставувате граници. Вие го кревате гласот. Вие се браните себеси. На многумина нема да им се допадне ова. Ќе се обидат да ви накалемат грижа на совеста, потсетувајќи ве повторно дека не сте истите од порано.

Но доколку вам ви се допаѓа новиот правец во кој се развива вашата личност, едноставно ќе мора да се соочите со чувството на лична вина и полека да го надминете. Нема потреба да му се извинувате на светот за она што вистински сте.

Нормално е понекогаш да се сте пречувствителни и да уживате во самотија

Денешното темпо на живеење е брзо, стресно и на секој од нас му е потребен личен „вентил“ за ослободување на акумулираната напнатост. Понекогаш ви доаѓа гласно да викате, да заплачете или едноставно да се затворите неколку денови сами дома и да ја процените целата ситуација во којашто се наоѓате.

Можеби сепак сакате да излезете надвор, но сами, да се опуштите и да уживате во драгоцените мигови на самотија и невербална комуникација.  И тоа е сосема во ред. Не дозволувајте никој да ви каже поинаку или да ве предупреди дека ова не е нормално однесување.

Сè додека не повредувате никој друг или себеси и работите на надминување на проблемите, сè е нормално и прифатливо.

Нормално е да преживеете некоја одамна потисната траума

Вообичаено сите сакаме да ги заборавиме лошите моменти од животот. Неретко ги потиснуваме длабоко во себе, убедувајќи се дека сме ги заборавиле. Но тие секогаш наоѓаат начин да испливаат на површината. Едноставно немојте да бегате од нив.

Секој човек е збир од доброто и лошото во него. Подобро е да се соочите со траумите од минатото, отколку да те во постојано бегство и негација.

Доколку сметате дека не можете да ги надминете овие проблемите самите, сосема нормално е да побарате помош. Нема ништо срамно во тоа. Доколку дозволите потиснатите трауми да ве јадат одвнатре, штетата ќе биде преголема и можеби ќе биде и предоцна.

Нормално е да се разлутите

Сфатете дека сонцето не грее 365 дена во годината, ниту вие може да сте постојано во добро расположение, полни енергија, мотивација и насмевки. Ние сме сите живи суштества, несовршени, полни маани. Многу нормално е одвреме-навреме да бидете бесни и да се разлутите.

Ненормално би било доколку никогаш не се вознемирувате, не чувствувате лутина и бес кон светот и животот. Многу нормално е и да се исплачете, да си ги искажете маките и чувствата. Никој од нас не е скроен да живее сам со своите стравови и јадови.

Нормално е да ви се сменат желбите (или да не ви се остварат)

Во идеален свет, сè она што ќе го замислите ќе пронајде начин да се оствари. Но животот е суров, непредвидлив и не секогаш желбите доаѓаат до исполнување и среќен крај.

Некои желби нема да ви се исполнат. Прифатете го тоа. Не удирајте со главата во ѕид по секоја цена. Со текот на времето, некои желби ќе исчезнат и на нивното место ќе дојдат други.

Немојте да се плашите или да се двоумите премногу во ваквите моменти. Како што се менуваат луѓето, така се менуваат и желбите и потребите. Бидете подготвени за таа промена.

 (О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg