Три совети за избегнување на празничните расправии

Празничните расправии за жал стануваат сè почести поради забрзано темпо на живот, високи нивоа на стрес и сл. Честопати овие работи најмногу и најлошо се манифестираат во овие денови.

Tri soveti za izbegnuvanje na praznicnite raspravii 01

Затоа вреди да се потсетиме на трите најчести причини поради кои се водат празнични расправии, а истите  можат успешно да се избегнат.

Пари

Однапред договорете го буџетот за празниците. Земете предвид какви било дополнителни трошоци поврзани со подароци, храна, патувања, забава и други празнични работи. Јасно поставете ја горната граница колку сакате да потрошите на секоја од овие категории и во никој случај не ја преминувајте.

Празниците се едни од ретките денови во годината кога е во ред да потрошите малку повеќе, но тоа не значи дека треба да ја започнете годината без пари.

Подароци

Честопати се несразмерни, што лесно може да доведе до проблеми. Подароците се нешто што мора да го договорите однапред, како нивната цена така и со природата на самиот подарок.

Ако оваа година имате многу проблеми со парите зошто да не договорите да купите мали подароци, како знаци на внимание, и да ги потрошите заштедените пари заедно за нешто покорисно?

Tri soveti za izbegnuvanje na praznicnite raspravii 02

Прослава

Секој партнер има свои желби кои можеби звучат спротивно, но ова не е причина за расправија. Не го правите ова поголем проблем отколку што е веќе, а особено не го напаѓајте вашиот партнер поради неговите желби.

Ако компромисот во никој случај не е можен, можеби треба да имате посебна прослава каде сите ќе бидат задоволни. Ова не е најлошата работа на светот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...

Најчитани неделава