Зошто некои луѓе не ги сакаат новогодишните и божиќни празници?

Се приближува Божиќ и празничната магија, кога семејството е заедно, сè е тивко и топло и владее мир. Полека ги подготвуваме декорациите и трпезата за најрадосниот ден во календарот.

Ne go sakate Bozik Ne ste edinsvenite za ova postojat specificni pricini 01

Сепак, не секој го сфаќа на ист начин, некои дури и не го сакаат Божиќ. Ако сте во оваа група луѓе, не очајувајте, разбираме како се чувствувате, а постојат и специфични причини за тоа.

Понекогаш немаме објаснување зошто не сакаме нешто или некого, едноставно не го сакаме. Божиќ е празник кој евоцира многу убави спомени од детството. Аромите и вкусот на кујните на мама или баба, насмевки и подароци.

Ако не ја делите возбудата со луѓето околу вас и сè ви изгледа пренагласено, ќе ви помогнеме да се справите со емоциите.

Празниците ги гледате како обврска

Кога размислувате за Божиќ, се чувствувате како некој да ве тера да бидете среќни и насмеани. Ќе ви биде полесно да прифатите дека е природно да бидете лошо расположени тој ден, како и секој друг. Нема причина да се преправате. Однесувајте се како и секогаш.

Божиќ ги враќа старите спомени

За некои луѓе, Божиќ е најрадосниот ден, затоа што се опкружени со нивните најблиски, додека другите луѓе се тажни, затоа што ги нема оние што ги сакаат. Покрај тоа, Божиќ не го доживуваме исто во зрелоста, како што го доживувавме во детството.

Ne go sakate Bozik Ne ste edinsvenite za ova postojat specificni pricini 02

Ако владее неслога меѓу членовите на семејството или поминувате низ тешкотии, ќе го паметите само тој дел и ќе го преживувате одново за време на празниците.

Се надеваме дека не сте оној кој не го сака Божиќ поради овие причини, но ако тоа е случај, обидете се да се ослободите од минатото и да се релаксирате во сегашноста.

Сакате нешто што не можете да го добиете

Понекогаш сè што ни треба е топлина и љубов што за жал не ја добиваме. Не е сè во подароците и полната трпеза. Многу повеќе може да не задоволи вистинската радост и квалитетни моменти поминати заедно.

Ако наидете на овој проблем, обидете се да се фокусирате на она што го сакате, а не на ситуацијата каква што е.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Чудна сенка, необјаснива светлина: Луѓе споделуваат фотки од кои ќе ве полазат морници „Си дојдов од работа и видот отисок од дланка на мојот нов душек. Живеам сам...“...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 луѓе кои создадоа убав простор во домот и дворот со своите две раце (фото) Стара кујна трансформирана во модерен простор, ново купатило кое не личи на стар...

Најчитани неделава