Необичен психолошки феномен - работи кои сите ги помниме, но никогаш не се случиле

Сигурни сме дека знаете која е Барбара Стрејсенд. Но, дали сте забележале дека со години сите погрешно го пишуваме нејзиното име, односно ја додаваме буквата „а“ помеѓу „б“ и „р“? Уметничкото име на пејачката е всушност Барбра, а не Барбара

neobichen-psiholoshki-fenomen-raboti-koi-site-gi-pomnime-no-nikogash-ne-se-sluchile-01.jpg

Таканаречениот „Мандела ефект“ е интересен феномен што најдобро може да се опише како „колективно погрешно сеќавање“. Станува збор за ситуација, предмет или појава која скоро сите ја помниме на одреден, но погрешен начин.

Овој феномен го добил своето име по Нелсон Мандела, за кого многумина се убедени дека „почина во 1980-тите додека беше во затвор“.

Се разбира, Мандела почина на 5 декември 2013 година, но многу луѓе се сеќаваат дека дури и го гледале неговиот погреб на телевизија во 1980-тите.

Неколку примери од популарната култура за овој бизарен феномен:

Мандела ефектот во серијалот Star Wars

Сите ја знаеме култната сцена во која Дарт Вејдер открива дека е таткото на Лук.

Всушост, ова е можеби најцитираната сцена од целиот серијал, а цитатот што го споделуваат сите гласи: Luke, I am your father (Лук, јас сум твој татко).

Но, ако го пуштите филмот, ќе сфатите дека Дарт Вејдер вели: No, I am your father (Не, јас сум твојот татко).

Истовремено, повеќето се убедени дека C3PO е целосно златен робот. Но, легендарниот робот што сме го виделе безброј пати всушност има една сребрена нога во оригиналната трилогија. 

Mnogu luge se sekavaat na ovie raboti no postoi eden problem 02

Познати филмски цитати

Секој вистински обожавател на филмови се сеќава на незаборавните цитати како Beam me up, Scotty, Hello, Clarice или I don’t think we’re in Kansas anymore, Toto.

Проблемот е што дел од овие цитати со децении ги повторуваме погрешно.

Оние кои мислат дека се запознаени со светот на Star Trek најверојатно ќе го кажат стариот цитат што честопати го поврзуваме со првата генерација на екипажот на Enterprise: Beam me up, Scotty.

Но никој не ја изговара оваа реченица. Ликовите велат: Scotty, beam us aboard и Beam me up, но никогаш не она што секој го цитира.

Во Silence of the Lambs, пак, секој совршено се сеќава на моментот кога Ханибал Лектор ја поздравува преплашената Кларис Старлинг со добро познатата реченица - Hello, Clarice.

Но, таа реченица никогаш не се кажува во филмот.

Mnogu luge se sekavaat na ovie raboti no postoi eden problem 03

Барбра Стрејсенд

Можеби не ги знаете сите нејзини песни, но веројатно знаете која е познатата пејачка Барбара Стрејсенд. Секако дека знаете за Барбара Стрејсенд. Па, не знаете.

Повеќето луѓе не ни забележуваат дека нејзиното уметничко име е Барбра и дека самите го додадовме непостоечкото „а“ помеѓу „б“ и „р“.

neobichen-psiholoshki-fenomen-raboti-koi-site-gi-pomnime-no-nikogash-ne-se-sluchile-02.jpg

Queen

Со кој стих завршува песната We are the Champions на популарниот бенд Queen? - Со we are the champions или of the world?

Поради некоја причина, сите се сеќаваат на of the world, а стихот се појавува само низ песната, не и на крајот.

Ромео и Јулија

Секој слушнал за трагедијата на Шекспир напишана уште во 1595 година. Меѓутоа, има еден проблем - Шекспир никогаш не напишал сцена со балкон, туку сцена со прозорец.

Не само што балконот не се појавува во „Ромео и Јулија“, туку не се појавува во ниту едно негово дело.

Виновникот за ова лажно сеќавање е плагијаторот Томас Отвеј, кој ја напишал својата верзија на претставата во 1679 година, поставувајќи ја во Рим и заменувајќи го прозорецот со балконот.

neobichen-psiholoshki-fenomen-raboti-koi-site-gi-pomnime-no-nikogash-ne-se-sluchile-03.jpg

Опашката на Пикачу

Веруваме дека сте слушнале за аниме-серијата Pokemon, а со тоа и за Пикачу. Веруваме и дека го помните Пикачу како жолто суштество чија опашка има црна боја на врвот.

Но, тој никогаш немал црна боја на опашката, без разлика што многумина од нас се убедени во тоа.

neobichen-psiholoshki-fenomen-raboti-koi-site-gi-pomnime-no-nikogash-ne-se-sluchile.jpg

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg