3 знаци кои покажуваат дека сте навистина зрела личност

Вистината е дека зрелоста не е многу поврзана со нашите надворешни искуства, туку со нашата внатрешна анализа на светот. 

tri-znaci-koi-pokazuvaat-deka-ste-navistina-zrela-licnost-1.jpg

Да, можеби сте поминале многу предизвици и тешкотии во животот, но доколку не сте биле присутни и свесни за тоа што се случува, сите ваши искуства едноставно се претворија во моменти кога реагиравте несвесно и емотивно, а не и зрело.

Иако немаме контрола над стареењето, можеме да влијаеме на нашата зрелост.

Зрелоста е нешто што доаѓа преку свесна намера; нешто што се развива. Тука не станува збор за тоа колку „знаење“ имаме или колку сме „паметни“, бидејќи знаењето е производ на минатите стравови, ментални обрасци, спомени, реакции и илузорни поими за нас самите.

1.Зрелоста е искреност

Многу луѓе ја избегнуваат вистината за тоа кои се, се карактеризираат со етикети, улоги и верувања во животот. Меѓутоа, зрелата личност цел живот трага по себе и ги гледа сите начини на кои била измамена.

Вообичаени примери на духовна незрелост вклучуваат избегнување на темните елементи на човековата природа, верувајќи дека сме ги надминале нашите „демони “ и дека сме во контакт со „подоброто јас “ (како да „демоните“ не се подеднаков дел од нас).

Ova-se-tri-znaci-deka-ste-navistina-zrela-licnost-02.jpg

2.Зрелоста е љубов

За повеќето луѓе, идејата за љубовта е само примање љубов. „Мора да ме сакаш за да можам да те сакам и јас“ - ова не е зрел начин на љубов.

Да се биде зрел значи дека можеме да сакаме некого безусловно, дури и ако таа личност не ве сака.

Честопати ќе наидете на луѓе кои сметаат дека љубовта е највисоката можна форма на духовност. Но за да се доживее таква љубов, која потекнува од немотивирана љубов кон луѓето, прво мора да ја постигнете личната слобода и одговорност потребна за безусловна љубов.

Ova-se-tri-znaci-deka-ste-navistina-zrela-licnost-03.jpg

3.Зрелоста е прифаќање

Зрелост е кога знаете што можете да промените и да го прифатите она што не можете да го промените. Човек, кој е во постојана состојба на конфликт со светот, е роб на сопствените внатрешни реакции.

За да помогнеме во развојот на колективната зрелост мора да можеме да прифатиме и да признаеме во каков хаос живееме, без да му се спротивставиме и да бегаме.

Ova se tri znaci deka ste navistina zrela licnost 04

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg