Трикови со кои ќе трошите помалку и конечно ќе заштедите некој денар

Досега сигурно сте слушнале за следење на вашите трошоци, правење шопинг листи и штедење за „црни денови“. Но дури и да сте пробале сè од ова, веројатно не сте се збогатиле.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-01.jpg

Проблемот е што секој е подложен на импулсивно купување.

За таа цел, ви предлагаме да ги пробате следниве трикови што ќе ви помогнат да го избегнете тоа:

Визуелизација

Факт е дека продавниците сакаат да ве натераат да купите што е можно повеќе работи. Токму поради тоа, гардероберите во бутиците се дури на крајот од продавницата, па дури да стигнете дотаму, ќе земете уште пар фармерки и 2-3 маици.

Што да правите?

- Кога ќе ви се допадне некое парче облека, направете тест со визуелизација. Замислете си човек кој го држи парчето облека во едната рака, а во другата ги држи парите што треба да ги дадете за него. Која рака би ја одбрале? Ако повеќе ви значат парите, тогаш продуктот не ви е неопходен.

- Замислете дека сте ја купиле облеката и размислете што би се случувало за 6 месеци. Дали навистина би ја носеле, или едвај ќе ја тргнете од закачалка?

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-02.jpg

Не го допирајте она што ви се допаѓа

Откако ќе фатите нешто што сакате да го купите, потсвесно почнувате да верувате дека е веќе ваше. Па, без разлика колку е висока цената, заборавате на штедењето и сакате да го купите.

Што да правите?

- Доколку, на пример, разгледувате телефони, замолете го продавачот да ви го покаже без да го допирате. Исто важи и за облека.

- Избегнуваjте да купувате онлајн. Многу истражувања покажале дека луѓето губат контрола кога купуваат од интернет.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-03.jpg

Одете кон лево

Кога влегуваат во продавница, повеќето потрошувачи тргнуваат кон десно, само затоа што се деснораки. Продавниците го знаат ова, па од десната страна поставуваат поскапи продукти.

Што да правите?

- Пред да излезете, направете шопинг листа. Во продавницата, земете го само тоа од листата и не разгледувајте други работи.

- Обрнете внимание на полиците – најчесто евтините продукти се поставени најгоре или најдолу.

- Немојте да земате количка. Најдобро е продуктите да ги носите во раце. Ако треба да купите повеќе работи, користете корпа. На овој начин ќе немате место за непотребни работи.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-04.jpg

Не џвакајте мастика

Знаевте ли дека џвакањето мастика ја подобрува циркулацијата на крвта во мозокот, а со тоа ги подобрува и когнитивните функции? Сепак, поради ова ќе сакате подолго да останете во продавницата, па ќе купите работи што не ви требаат.

Што да правите?

- Заборавате ја гумата за џвакање. Таа само ве тера подолго да одбирате што да купите, а со тоа сигурно ќе земете и нешто непотребно.

- Фокусирајте се само на она што ви треба и игнорирајте ги „одличните понуди“.

- Ограничете го времето што ќе го поминете во продавницата. Земете го она што ви треба и излезете.

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-05.jpg

Не разгледувајте

Нормално е да посакате да купите нешто ако забележите дека е на попуст. Во овој случај верувате дека ќе заштедите во иднина.

Ако купувате наголемо, ова може да ви биде од помош, но во повеќето случаи само ќе ве натера да потрошите повеќе.

Што да правите?

- Игнорирајте ги продуктите на попуст и фокусирајте се на листата.

- Ако на каса ви понудат нешто и се подразмислите, значи дека не е неопходно - одбијте го. 

trikovi-so-koi-kje-troshite-pomalku-i-konechno-kje-zashtedite-nekoj-denar-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg